AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
ПИОМ нема кадар за информациска безбедност и работи со застарени компјутери, ревизорите утврдиле сериозни слабости

ПИОМ / Фото: Фејсбук

ПИОМ нема кадар за информациска безбедност и работи со застарени компјутери, ревизорите утврдиле сериозни слабости

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Само 30 отсто од работните места во Секторот за информатика на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување се пополнети, а институцијата нема ниту вработени задолжени за информациска безбедност. Ова го утврди Државниот завод за ревизија, кој констатирал сериозни слабости во заштитата на информацискиот систем, застарена ИТ-опрема и недостиг на планови за постапување во случај на сајбер-инциденти и прекини во работењето.

Од вкупно 57 систематизирани работни места во Секторот за информатика, пополнети се само 17. Особено загрижувачка е состојбата во Одделението за ИТ-инфраструктура и поддршка, каде што е пополнето само едно од предвидените 13 работни места.

Ревизијата на информацискиот систем на Фондот покажала дека не се воспоставени сите потребни механизми за ефикасна заштита на податоците и ИТ-ресурсите, од кои зависи остварувањето на пензиските и инвалидските права на граѓаните.

Дополнително, Фондот нема усвоена ИТ-стратегија, дел од процедурите не се ажурирани или одобрени, а не биле спроведени ниту законски задолжителните проценки на ризиците.

Само еден денар на секои 10.000 денари исплатени пензии за информациска безбедност

Ревизорите утврдиле слабости и во планирањето на средствата за ИТ-инфраструктурата и безбедноста. Во 2024 година, договорите за јавни набавки во областа на информатичката технологија изнесувале 12,39 милиони денари, односно 2,04 отсто од вкупните расходи на Фондот, без социјалните бенефиции.

Предвидената набавка на дата-центар за складирање податоци, дисковен систем и оптички преклопници не била реализирана поради ограничени финансиски средства. Според ревизорскиот извештај, средствата главно се трошат за тековно одржување, додека значителен дел од потребните инвестиции во информациската безбедност не се опфатени со планирањето.

Во извештајот се наведува и дека средствата за информациска безбедност во 2024 година изнесувале само еден денар на секои 10.000 денари пресметани и исплатени пензии.

Застарена опрема и безбедносни пропусти

Проблемите се однесуваат и на техничката заштита на системот. Во употреба сè уште има сервери и работни станици со оперативни системи за кои производителите повеќе не обезбедуваат поддршка, како и компјутери без ажурирана антивирусна заштита.

Ревизијата утврдила дека не се применува дополнителна заштита на корисничките сметки, не е воспоставена соодветна мрежна сегментација, а безбедносните надградби не биле ажурирани од 2023 година.

Недостатоци се констатирани и во физичката заштита на серверските простории. Пристапот до нив не се евидентира електронски и не е покриен со видеонадзор, системите за гасење пожар не се одржуваат редовно, а во некои подрачни единици резервното напојување е неисправно.

Дополнителен проблем е недоволната обученост на вработените. Последната обука за ИТ-вештини била реализирана во 2022 година, додека планираните набавки за обуки во 2024 и 2025 година не биле спроведени. Не биле реализирани ниту дополнителни активности за подигнување на свеста за сајбер-заканите и практични тестирања за препознавање безбедносни ризици.

Нема планови за работа во случај на сериозен инцидент

Фондот нема одобрени планови за континуитет во работењето и за обновување на системите по катастрофи. Не се утврдени ниту конкретните задолженија на одговорните лица во случај на инцидент поврзан со информациската безбедност.

Ревизорите посочуваат дека ваквата состојба може да доведе до подолготрајни прекини во функционирањето на информацискиот систем, губење податоци и неможност тие навремено да се обноват, што би можело да го наруши обезбедувањето услуги за граѓаните.

Дополнително, во 2024 година биле идентификувани безбедносни ризици и ранливости во мрежната опрема, за кои биле дадени препораки за надминување. Сепак, во периодот на ревизијата, Фондот сè уште немал преземено мерки за отстранување на утврдените слабости.

Државниот завод за ревизија препорачува донесување сеопфатна ИТ-стратегија, зајакнување на кадровските капацитети, унапредување на безбедносните процедури, редовно ажурирање на системите, подобрување на резервните копии и воспоставување планови за континуитет и обновување по катастрофи.

 

Tags: ДЗРинформациска безбедносткомпјутерипиомревизија
SummarizeShare234

Related Stories

Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Венко Филипче донел одлука да ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ. Според информациите на Телевизија 24, Филипче на денешната координативна средба...

Ослободени обвинетите за нападот врз Христијан Пендиков, судот не утврдил вина ниту етнички мотив

Ослободени обвинетите за нападот врз Христијан Пендиков, судот не утврдил вина ниту етнички мотив

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Борче Ангелов и Илија Спасески се ослободени од обвинението за нападот врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Основниот суд во Охрид ја донел одлуката...

Народниот правобранител кубури со пари, нема средства ни за кирија

Народниот правобранител кубури со пари, нема средства ни за кирија

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Недостигот на финансиски средства го отежнува функционирањето на институцијата Народен правобранител, која се соочува со проблеми во подмирувањето на основните трошоци, меѓу кои и киријата. Народниот правобранител Фатон...

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Жителите на неготинското село Пепелиште се револтирани поради честите прекини во снабдувањето со електрична енергија. Според нивните реакции, струјата периодично снемува секој ден во неделата, што им го...

Next Post
Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.