AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Ослободени обвинетите за нападот врз Христијан Пендиков, судот не утврдил вина ниту етнички мотив

Христијан Пендиков / Фото: Фејсбук

Ослободени обвинетите за нападот врз Христијан Пендиков, судот не утврдил вина ниту етнички мотив

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Борче Ангелов и Илија Спасески се ослободени од обвинението за нападот врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на бугарскиот клуб во Охрид. Основниот суд во Охрид ја донел одлуката на повтореното судење, откако предметот претходно бил вратен од Апелациониот суд во Битола.

Денешното рочиште траело околу два и пол часа, без изведување нови докази. Судот оценил дека не е докажано дека обвинетите го сториле делото што им се става на товар, ниту дека нападот бил мотивиран од етничка припадност, објави Бугарската национална телевизија.

Во претходната постапка, двајцата обвинети беа осудени на по осум месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда. По жалбената постапка, Апелациониот суд во Битола го врати случајот на повторно судење, кое сега заврши со ослободителна пресуда.

Одлуката предизвика незадоволство кај адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски. Тој смета дека во текот на постапката не биле презентирани нови факти што би го довеле во прашање етничкиот мотив за нападот.

„За нас е неспорно дека делото е извршено од етнички причини. Во текот на целата постапка не се појавија никакви други факти или докази што би укажувале на друг мотив“, изјавил Камишевски.

Адвокатот посочил дека во оваа фаза Пендиков нема право лично да ја обжали пресудата, поради што следните чекори зависат од Обвинителството и евентуалната жалба до повисокиот суд.

Реакција имаше и од самиот Пендиков, кој ја оцени пресудата како срамна. Тој тврди дека, и покрај видеодоказите презентирани во постапката, обвинетите се ослободени од одговорност.

Пендиков оцени дека одлуката испраќа лоша порака до луѓето што се самоопределуваат како Бугари во Македонија. Тој исто така тврди дека од нападот на 19 јануари 2023 година наваму бил изложен на навреди, вознемирување и клевети, вклучително и кон неговото семејство.

„Денеска судот во Охрид донесе срамна одлука во мојот случај. За помалку од два часа, двајцата кои брутално ме претепаа беа ослободени од кривична и секоја друга одговорност“, напиша тој.

Tags: нападослободениОхридсудхристијан пендиков
SummarizeShare234

Related Stories

Се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

by ДЕСК коректив.мк
October 23, 2026
0

Денеска, 23 октомври, во Македонија се одбележува Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на историското основање на Македонската револуционерна организација во Солун во 1893 година. На...

Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

Филипче ја разрешува Славјанка Петровска од заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Венко Филипче донел одлука да ја разреши пратеничката Славјанка Петровска од функцијата заменик-координатор на пратеничката група на СДСМ. Според информациите на Телевизија 24, Филипче на денешната координативна средба...

ПИОМ нема кадар за информациска безбедност и работи со застарени компјутери, утврдија ревизорите

ПИОМ нема кадар за информациска безбедност и работи со застарени компјутери, утврдија ревизорите

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Само 30 отсто од работните места во Секторот за информатика на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување се пополнети, а институцијата нема ниту вработени задолжени за информациска безбедност....

Народниот правобранител кубури со пари, нема средства ни за кирија

Народниот правобранител кубури со пари, нема средства ни за кирија

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Недостигот на финансиски средства го отежнува функционирањето на институцијата Народен правобранител, која се соочува со проблеми во подмирувањето на основните трошоци, меѓу кои и киријата. Народниот правобранител Фатон...

Next Post
Марко Рубио доби барање за санкции против четворица бизнисмени од Србија – меѓу нив и Давор Мацура од „Алта банка“

Марко Рубио доби барање за санкции против четворица бизнисмени од Србија - меѓу нив и Давор Мацура од „Алта банка“

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.