AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Мицкоски најави разрешувања по снимањето на спотот во „Македониум“

Мицкоски најави разрешувања по снимањето на спотот во „Македониум“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 30, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе побара разрешување на директорот и на Управниот одбор на Историскиот музеј „Крушево“ по случајот со снимањето на делови од музички спот во споменикот „Македониум“.

Станува збор за спотот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони, чии делови биле снимени во внатрешноста на „Македониумот“. Просторот бил отстапен за снимањето за надомест од околу 500 евра.

„Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорт на таа институција заедно со членовите на Управниот одбор бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнајмувани и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните поради тоа што е направен тој пропуст. Ќе се трудиме во иднина такво нешто да не се повтори. Така што, уште денеска ќе побарам Управниот одбор и директорот на таа културна институција да бидат разрешени“, изјави Мицкоски.

Директорот на Историскиот музеј „Крушево“, Миха Оџаклиески, објасни дека просторот бил отстапен врз основа на претходна одлука на Управниот одбор и дека не станува збор за првпат „Македониумот“ да се користи за снимање со надомест.

Тој посочи дека сцените од спотот со кревети и играње не биле снимени во „Македониумот“, туку на други локации. Според неговото објаснување, продукцијата пријавила дека просторот ќе се користи за снимање музички спот.

Случајот дополнително се отвори откако од Управата за заштита на културното наследство беше соопштено дека до нив не било доставено барање за користење на „Македониумот“ за снимање на спотот.

Министерот за култура Седат Сулејмани изјави дека случајот е чувствителен и дека ќе бидат разгледани правните аспекти, како и постапките според кои бил одобрен пристапот до заштитениот објект.

„Македониумот“ е споменик од особено значење и е заштитено културно наследство. Комплексот, дело на Јордан и Искра Грабулоски, е отворен на 2 август 1974 година во Крушево.

Случајот доаѓа во период кога споменикот се соочува со сериозни проблеми со одржувањето и заштитата. Во изминатиот период беа најавувани и преземани мерки за санација и конзервација на комплексот, кој со години има проблеми со оштетувања и влијанието на атмосферските услови.

Tags: Дон ЏониКрушевоМакедониумМиха Оџаклискимузички спотСекси мамаУправа за заштита на културното наследствоХристијан Мицкоски
SummarizeShare234

Related Stories

Голема полициска акција во Прилеп: претреси на околу 30 локации, под лупа и полициски службеници

Голема полициска акција во Прилеп: претреси на околу 30 локации, под лупа и полициски службеници

by ДЕСК коректив.мк
September 30, 2026
0

Голема полициска акција се спроведува во Прилеп, при што специјални полициски сили се распоредени на повеќе локации во градот. Според првичните информации, се вршат претреси на околу 30...

Жените со само 16 од 58 раководни позиции што ги именува Собранието

Жените со само 16 од 58 раководни позиции што ги именува Собранието

by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
0

Само 16 жени се меѓу вкупно 58 лица именувани на раководни позиции од страна на Собранието, покажуваат податоците од ДЗР за застапеноста на жените на функциите за кои...

Урсула фон дер Лајен признава дека ЕЕС системот предизвикува проблеми на аеродромите и границите

Фон дер Лајен во петок во Скопје: ЕУ-интеграциите и реформите во фокусот на разговорите

by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
0

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петок, на 2 октомври, ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан. Во фокусот на...

Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
0

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини годинава е најтранспарентно меѓу министерствата, додека финансиските информации и натаму се меѓу најмалку достапните за јавноста. Ова го покажуваат најновите податоци...

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.