AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Мицкоски од Брисел: Проширувањето да се темели на критериуми, но да биде побрзо и поправедно

Фото: Фејсбук

Мицкоски од Брисел: Проширувањето да се темели на критериуми, но да биде побрзо и поправедно

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Премиерот Христијан Мицкоски денеска учествуваше на Форумот за проширување на Европската Унија во Брисел, на кој присуствуваа високи европски претставници и лидери од повеќе земји, меѓу кои претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, еврокомесарката за проширување Марта Кос, претседателката на Молдавија, Маја Санду, финскиот претседател Александар Стуб и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

По повод учеството на форумот, Мицкоски преку објава на социјалните мрежи порача дека проширувањето на Унијата не е само прашање на интеграција, туку и стратешки процес од кој зависат мирот, стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

Според него, пристапниот процес треба да продолжи да се темели на исполнети критериуми и постигнати резултати, но истовремено да биде поефикасен, праведен и предвидлив.

„За Македонија, европската интеграција е стратешка определба и долгорочен национален интерес. Нашата посветеност на реформите, заштитата на националните интереси и исполнувањето на европските стандарди мора да бидат проследени со јасна и кредибилна европска перспектива“, напиша Мицкоски.

На форумот беше испратена порака дека проширувањето повторно добива значење во европската политика, особено во услови на променети геополитички околности. Еврокомесарката Марта Кос оцени дека Европската Унија повеќе не може да си дозволи празнини на својата карта, имајќи ги предвид брзите промени во светот.

Слична порака упати и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која рече дека приемот на нови членки е можност за создавање посилна Европа, способна самостојно да ја обликува својата иднина. Таа потсети дека претходните проширувања донеле поголема стабилност и просперитет не само за новите, туку и за постојните земји-членки.

„Тоа е шанса да изградиме посилна Европа, способна да ја обликува својата иднина. Мора да ја покажеме истата амбиција и решителност што ја покажаа лидерите пред 30 години“, порача фон дер Лајен.

Претседателката на Молдавија, Маја Санду, изрази оптимизам во однос на европската перспектива на нејзината земја, оценувајќи дека членството е амбициозна, но остварлива цел. Таа рече дека досегашните реформи покажуваат оти Молдавија може да го одржи потребното темпо на интеграција.

Финскиот претседател Александар Стуб, пак, го претстави проширувањето како важен геополитички инструмент, а не само како административен процес. Според него, поголема Европска Унија би имала и поголема тежина во меѓународните односи, при што посебно го истакна значењето на пристапувањето на Украина.

„Моќта е во големината. Колку е поголема ЕУ, толку поголема глобална моќ можеме да проектираме“, изјави Стуб.

Кос дополнително ги истакна безбедносните придобивки што Украина и Молдавија би ги донеле во Унијата. Таа посочи дека Украина располага со една од најсилните и најискусните армии во Европа, додека Молдавија има значајно искуство во справувањето со таканаречената когнитивна војна.

Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

Tags: БриселЕУпроширувањеХристијан Мицкоски
SummarizeShare234

Related Stories

Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Обвинителството поднесе обвинение против Кристијан Корабоски за три кривични дела поврзани со насилството врз Сара Ѓоргиеска од Охрид – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на...

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Од вкупно 3.216 живородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од јануари до октомври годинава, 610 биле предвреме родени, односно околу 19 проценти. Ова...

По две години бегство, осуден дилер фатен во Арачиново

Насилникот од Охрид повторно приведен во полициска станица

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Кристијан Корабоски, осомничен за тешката телесна повреда на Сара Ѓоргиеска од Охрид, повторно е приведен во полициска станица, дознава „Слободен печат“ од полициски извори. Корабоски претходно доби кривична...

Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Горивата од полноќ повторно ќе поевтинат, откако Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени во просек за 2,43 проценти. Најпродаваните бензини Еуросупер 95 и...

Next Post
Растат цените на горивата – Дизелот од полноќ над 100 денари

Од полноќ поевтинуваат бензините и дизелот

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.