AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

Фото: Pexels

Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

Европската комисија оценува дека земјата не направила обиди за усвојување на уставните измени, а забележува и политички притисоци врз судството, неефикасна борба против високата корупција и непочитување на договорите со соседите

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Македонија и оваа година останува без посериозен напредок во процесот на евроинтеграции. За разлика од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, кои ќе добијат патокази за членство во Европската Унија, земјава не е меѓу државите опфатени со оваа иницијатива. Во најновиот извештај за напредокот, Европската комисија повторно ги посочува уставните измени како главна пречка, но нотира и низа сериозни слабости во функционирањето на институциите.

Особено остри се забелешките за тоа што во изминатиот период не биле преземени никакви чекори за промена на Уставот, согласно обврската преземена со заклучоците на Советот на ЕУ од 18 јули 2022 година. Со измените треба да бидат вклучени и Бугарите во Уставот, како дел од народите што живеат во земјата.

„Не беа преземени обиди за усвојување на соодветните уставни измени“, наведува Европската комисија, потсетувајќи дека Македонија се обврзала да ги иницира и спроведе промените.

Покрај тоа, Брисел смета дека се потребни дополнителни напори за подобрување на односите со Бугарија и создавање атмосфера на дијалог и меѓусебна почит. Забелешки има и за работата на заедничката историска комисија, од која не произлегле конкретни резултати. Европската комисија препорачува продолжување на дијалогот и соработката, особено во однос на инфраструктурните проекти поврзани со Коридорот 8.

Во извештајот повторно се потсетува дека постојните договори со соседните земји мора да се почитуваат и спроведуваат со добра волја од сите страни. Тоа ги вклучува и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија.

Посебно се издвојува однесувањето на дел од владините претставници, кои не секогаш го користат уставното име на државата, со што, според Комисијата, не се почитува Преспанскиот договор и се создава ризик од нарушување на добрососедските односи.

Политички притисоци врз судството и загриженост за корупцијата

Европската комисија повторно алармира за состојбите во правосудството, особено за политичкото влијание врз судиите и обвинителите. Во извештајот се наведува дека изјавите на високи политички функционери за наводно „чистење“ на судството и обвинителството, како и јавните напади врз носители на правосудни функции, претставуваат недозволен притисок и заплашување.

Како особено значаен пример се посочува заедничката реакција на Врховниот суд, Судскиот совет и Здружението на судии од ноември 2025 година, кога трите институции предупредија дека постојаните јавни критики од највисоките нивоа на власта ја загрозуваат независноста на судството и принципот на поделба на власта.

Од Македонија се бара да ја забрза реализацијата на Стратегијата за судски реформи, да ги спроведе новите закони за Судскиот совет и Советот на јавните обвинители и да го ревидира Законот за јавното обвинителство. Дополнително, потребно е да се пополнат испразнетите судски и обвинителски места и да се обезбедат доволно човечки и финансиски ресурси за правосудните институции.

Сериозни забелешки има и за борбата против корупцијата, која, според оценката на ЕК, останува широко распространета и претставува причина за сериозна загриженост.

Комисијата оценува дека измените на Кривичниот законик од јануари 2026 година не ги отстраниле штетните последици од измените направени во 2023 година, особено во делот на злоупотребата на службената положба. Иако повторно е воведено кривично дело за злоупотреби во јавните набавки, неговиот опфат е премногу ограничен за да ги опфати различните форми на манипулации во постапките.

Проблем останува и застарувањето на кривичниот прогон, поради што дел од случаите на корупција на високо ниво не добиваат судска разрешница.

„Случаите на корупција на високо ниво продолжуваат да се соочуваат со одложувања и честопати достигнуваат рок на застарување, придонесувајќи за перцепцијата за неказнивост“, се наведува во извештајот.

За следниот период, ЕК бара усвојување нов Кривичен законик и нов Закон за кривична постапка, усогласени со европското законодавство и меѓународните стандарди. Се бара и поефикасно истражување и гонење на високата корупција, конечни судски пресуди и конфискација на имот стекнат со криминал.

Посебно се нагласува потребата од зајакнување на Јавното обвинителство и Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, вклучително и преку ангажирање финансиски експерти. Од Државната комисија за спречување на корупцијата се очекува поефикасна проверка на анкетните листови за имотната состојба на функционерите.

Загрижувачки состојби во човековите права и затворите

Извештајот нотира и проблеми во заштитата на човековите права. Европската комисија посочува дека граѓанските организации и активистите за човекови права се соочуваат со заплашување, онлајн вознемирување и кампањи за дискредитирање.

Родово базираното насилство и понатаму е сериозен проблем, при што се издвојуваат семејното, психолошкото и економското насилство, сајбер-насилството и фемицидот.

Дополнително, не се преземени потребните чекори за усогласување со европските стандарди во областа на недискриминацијата и еднаквоста, вклучително и родовата еднаквост.

Особено негативна е оценката за состојбата во затворите. И покрај реновирањето на одредени објекти, Европската комисија оценува дека општите услови во затворскиот систем и натаму се крајно лоши.

Забелешки има и за работата на Собранието, кое, и покрај постоењето јасен Деловник, повторно не успеало да ја усвои годишната агенда.

Во однос на јавната администрација, Комисијата го регистрира донесувањето на Законот за висока раководна служба, но предупредува дека тој содржи сериозни недостатоци. Спорни се составот на комисиите за селекција, методологијата за избор и вработување на раководните кадри, како и критериумите за нивно разрешување.

Транспарентноста на медиумите и распределбата на јавните пари остануваат отворени прашања

Во делот на медиумите, од земјава се бара поголема транспарентност во сопственичката структура на медиумите и распределбата на јавните средства за државно рекламирање. Комисијата нагласува и дека институциите треба навремено да реагираат на заканите и насилството врз новинарите, а одговорните да бидат изведени пред лицето на правдата.

Проблеми се нотираат и во спроведувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Дел од институциите ги одбиваат барањата или го одложуваат доставувањето информации врз основа на произволни образложенија.

Од друга страна, Европската комисија позитивно ја оценува усогласеноста на Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ. Сепак, се посочува дека остануваат предизвици во практичното спроведување на рестриктивните мерки на Унијата, особено поради временскиот јаз меѓу политичкото усогласување и нивното формално стапување во сила.

Меѓуетничките односи во земјата се оценети како генерално стабилни, а Охридскиот рамковен договор продолжува да се спроведува. Сепак, Комисијата наведува дека и натаму постојат предизвици во оваа област.

На крајот, во извештајот се посочува и потребата Македонија да постигне конкретни резултати во спречувањето на производството и трговијата со недозволени дроги.

Иако во одредени области има напредок, вкупната оценка на Европската комисија укажува дека земјата и натаму се соочува со сериозни институционални и системски слабости. Без конкретни резултати во реформите, владеењето на правото и исполнувањето на преземените обврски, европската перспектива останува блокирана.

Tags: Европска комисијаЕУизвештајкорупцијаМакедонијасудствоуставни измени
SummarizeShare234

Related Stories

Сиљановска-Давкова: Демократијата не се гради преку ноќ, Гошев порача да не се заборава АСНОМ

Сиљановска-Давкова не ги потпиша измените на Законот за јавни набавки, спорни ѝ се мандатите на Комисијата

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за прогласување на измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои Собранието ги усвои на седницата одржана на 26 октомври....

Приведен виш јавен обвинител од Битола – влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Полициските возила ќе станат мобилни камери за сообраќајни прекршоци

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Полициските возила, вклучително и оние без видливи ознаки на МВР, ќе добијат опрема за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци. Новиот систем треба да почне да функционира во 2027 година...

„Форбс“: Колку пари имаа граѓаните и фирмите во Алта банка

Клиентите на Алта банка без картички ќе можат да повлечат до 20.000 денари, исплатата почнува во Битола

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Граѓаните кои имаат платежни сметки во „Алта банка“ АД Битола, но немаат платежни картички, од утре, 5 ноември, ќе можат да подигнуваат готовина на шалтерите во главната филијала...

Претседателката побара Брисел да преземе иницијатива за деблокада на евроинтеграциите: „Не може политичка волја да се бара само од нас“

Претседателката побара Брисел да преземе иницијатива за деблокада на евроинтеграциите: „Не може политичка волја да се бара само од нас“

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Европската Унија треба да покаже политичка волја и да понуди конкретни решенија за деблокирање на пристапниот процес на Македонија, наместо целата одговорност за надминување на спорот со Бугарија...

Next Post
Црвен картон за говорот на омраза во македонскиот фудбал

ОЈО: Првичните индиции за случајот со двете тела кај Богданци упатуваат на убиство и самоубиство

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.