Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал утрово во болница, откако се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена.
Станува збор за 54-годишниот Т.Г., кој по несреќата бил пренесен во прилепската болница, но и покрај напорите на лекарите, им подлегнал на повредите.
Од компанијата соопштија дека веднаш биле известени надлежните институции и дека на местото се врши увид за да се утврдат причините и околностите под кои се случила несреќата.
Оттаму додаваат дека соработуваат со надлежните институции и изразија сочувство до семејството и блиските на починатиот работник.









