Две малолетнички од Скопје биле приведени откако физички нападнале друга малолетничка во скопската општина Центар, при што едната од нив ѝ одзела лични предмети и пари, а другата го снимала настанот со мобилен телефон.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во 19:50 часот во СВР Скопје. Настанот се случил околу 18:10 часот, кога двете малолетнички ја пресретнале врсничката.
По пријавата, полициски службеници ги лишиле од слобода двете девојчиња.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.









