AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Повеќе од 40 локации во Скопје во моментов се користат за чување податоци и сервери на државните институции, а ваквата распределеност ја прави инфраструктурата ранлива на технички дефекти и прекини во услугите. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски смета дека изградбата на национален дата-центар е неопходна за поголема сигурност на државните системи, но и за развојот на вештачката интелигенција во земјава.

Проблемот, според Андоновски, не е само во заштитата од кибернапади, туку и во секојдневното функционирање на институциите. Серверите се сместени на различни локации, под одговорност на повеќе институции, па дефекти во климатизацијата, проблеми со напојувањето или други технички пречки можат да предизвикаат прекини во државните услуги.

Проектот за национален дата-центар веќе е предвиден како индикативен во Планот за раст на Европската Унија и во реформската агенда на државата. Се разгледуваат и можности за дополнително финансирање, информираше министерот на панел-дискусијата „Дата-центрите, расчистување на мистеријата“, организирана во рамките на конференцијата на Стопанската комора и УНДП.

Но, изградбата на ваква инфраструктура не е важна само за обединување на државните сервери. Со забрзаниот развој на вештачката интелигенција, капацитетите за складирање и обработка на големи количества податоци стануваат и економско и стратешко прашање. Андоновски предупреди дека државите што нема да инвестираат во сопствена инфраструктура ќе стануваат сè позависни од странски технолошки компании.

Тој посочи дека Македонија веќе работи на обезбедување пристап до капацитети за вештачка интелигенција преку регионални иницијативи и со поддршка од Европската Унија, но оцени дека тоа не може да ја замени потребата од домашни капацитети.

Развојот на дата-центри, според министерот, може да отвори простор и за нови инвестиции, трансфер на технологии и вклучување на домашните ИТ-компании. Тој посочи дека земјава годишно создава речиси илјада ИТ-инженери, но дека е потребна нивна дополнителна специјализација во области како кибербезбедност, cloud computing и управување со центри за податоци.

Како потенцијални локации за изградба на помали и средни дата-центри се разгледуваат напуштени индустриски капацитети и подрачја во близина на индустриските развојни зони. Андоновски ги спомена Скопје и Охрид, а како особено атрактивен регион го посочи и подрачјето околу Неготино.

Сепак, изградбата на вакви капацитети отвора и прашања за нивното влијание врз животната средина, пред сè поради потрошувачката на електрична енергија и потребите за ладење. На ова предупреди Петар Пешев од компанијата „Ултра“, посочувајќи дека не треба сите дата-центри да се третираат како ист тип инфраструктура.

Особено голема разлика, според него, има меѓу класичните центри за податоци и оние наменети за вештачка интелигенција, кои бараат значително повеќе електрична енергија и посложени системи за ладење. Затоа, при планирањето на нови капацитети, покрај економската оправданост, мора да се земат предвид и енергетските и еколошките последици.

Пешев ја истакна и важноста на локалното чување и обработка на податоците, особено за сектори како осигурувањето и јавната администрација, каде што заштитата на чувствителните информации е од особено значење.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, оцени дека државата мора да ги отвори прашањата за индустрискиот развој, енергетиката и екологијата, наместо тие да се третираат одделно. Како приоритети на бизнис-заедницата ги посочи справувањето со корупцијата и сивата економија, забрзувањето на гасификацијата, поддршката на извозот и поголемата регионална економска интеграција.

Tags: дата центардржавни податоциСтефан Андоновски
SummarizeShare234

Related Stories

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Кога културата е достапна за сите, таа станува дел од секојдневието и создава моменти што обединуваат. Токму со таа идеја, Mozzart продолжува да поддржува театарски содржини и да...

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

За владата киријата не е дел од реалните трошоци за живот на просечното четиричлено семејство, бидејќи над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови. Вакво образложение даде...

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е првиот функционер што се најде на т.н. „ѕид на срамот“ на Мрежата за заштита од дискриминација, откако граѓанските организации јавно го прозваа...

Работните спорови ја чинеа државата 64 милиони евра, речиси половина отишле за камати и трошоци

Незаконски им наплаќале опомени за брзи кредити, 26.000 граѓани ќе си ги добијат парите назад

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Граѓаните кои земале брзи кредити, а потоа плаќале дополнителни трошоци за опомени поради задоцнети рати, ќе добијат поврат на парите. Државниот пазарен инспекторат утврдил дека 12 финансиски друштва...

Next Post
Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.