Протесни маршеви во Скопје и Приштина следуваа по пресудите од Специјализираниот совет во Хаг за поранешните лидери на ОВК. Настаните ја мобилизираа албанската политичка и општествена јавност во знак на поддршка на осудените, нагласувајќи ги поделбите во перцепцијата за правдата и историјата на конфликтот.
На 27 септември 2026 година, со почеток во 14:00 часот, во Скопје се одржа протестен марш во поддршка на осудените поранешни водачи на ОВК. Учесниците се собраа кај споменикот „Скендербег“, носејќи транспаренти со пораки за „Слобода“ и „Правда“. Организацискиот совет упати јавни покани до семејствата на загинатите борци, воените инвалиди, поранешните затвореници, како и до претставници од академскиот, верскиот и граѓанскиот сектор да земат учество во маршот. Настанот беше најавен со апели за мирно и достоинствено одвивање, со цел да се испрати порака на солидарност со лицата кои се наоѓаат на издржување или чекање на правосилни судски одлуки во Хаг.
На протесниот собир во Скопје беа забележани и видливи претставници на политичкиот живот од албанскиот блок во Северна Македонија. Меѓу присутните граѓани и организатори се појавија лидерот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, како и претседателот на Албански сојуз, Зијадин Села.
Нивното учествување на маршот ја нагласува политичката димензија на настанот и обидот за демонстрирање на меѓусебна солидарност преку државните и етничките граници во регионот, поврзувајќи ги актуелните политички случувања со наследството од воените конфликти од минатото. Преку ваквите јавни манифестации се артикулира став кој ги оспорува правните квалификации на судските институции, толкувајќи ги процесите низ призмата на политички притисоци врз историските лидерски фигури.
На 16 септември 2026 година, Специјализирани совети на Косово во Хаг донесоа првостепена пресуда за поранешните високи претставници на Ослободителна војска на Косово (ОВК). Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор. Кадри Весеli доби казна од 18 години, додека Реџеп Селими беше осуден на 13 години затвор.
Судскиот совет ги прогласи за виновни по точките што се однесуваат на воени злосторства, вклучувајќи незаконско или произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и незаконски убиства, додека истовремено беа ослободени од обвиненијата за злосторства против човештвото. Пресудата е првостепена и отвора можност за жалбена постапка пред надлежните судски инстанци во Хаг, но веднаш предизвика длабоки политички и општествени рекакусии во регионот.
Протести и во Приштина
Како одговор на судската одлука, во Приштина и во повеќе други општини низ Косово беа организирани масовни протести од страна на ветераните на ОВК и граѓаните. Учесниците излегоа со пораки кои ја отфрлаат пресудата, носејќи транспаренти со натписи „Не во мое име“ и „Слободата има име“, заедно со државните знамиња на Косово и обележјата на ОВК.
Повиците за протести добија и институционална поддршка, при што Демократска партија на Косово и Собранието на општина Приштина усвоија специјални декларации со кои се бара заштита на историјата од периодот на конфликтот и се изразува незадоволство од постапките на специјалниот суд.








