Жителите на Општина Брвеница утре, 18 октомври, ќе гласаат на предвремени локални избори за нов градоначалник. Избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае до 19 часот.
Предвремените избори се одржуваат по смртта на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни годинава, на 58-годишна возраст. Илиевски на последните локални избори го освои вториот мандат за раководење со општината, но по неговата смрт градоначалничкото место остана испразнето.
За функцијата градоначалник се натпреваруваат шестмина кандидати – четворица предложени од политички коалиции и двајца од групи избирачи.
Во изборната трка учествуваат:
– Стојанчо Радически, кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ;
– Јовица Радески, кандидат на коалицијата предводена од СДСМ;
– Душан Богдановски, независен кандидат предложен од група избирачи;
– Јакуп Усеини, кандидат на коалицијата ВРЕДИ/ВЛЕН;
– Арифе Идризи, независна кандидатка предложена од група избирачи;
– Аркин Јахији, кандидат на Националната алијанса за интеграција – НАИ.
Во избирачкиот список се запишани 16. 256 гласачи од десет населени места во општината. Од нив, 449 лица се водат како привремено вработени или престојуваат во странство, додека девет избирачи се наоѓаат во затвор или во притвор.
Денеска, еден ден пред главното гласање, правото на глас го остваруваат 88 болни и изнемоштени лица








