Советот на јавните обвинители денеска официјално ја именуваше Искра Хаџи-Василева за нова раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Одлуката ќе стапи во сила на 14 ноември, кога истекува мандатот на досегашниот шеф на обвинителството, Ислам Абази.
Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал
Хаџи-Василева беше избрана на 28 октомври, кога освои најголема поддршка на гласањето на кое јавните обвинители избираа меѓу пет кандидати.
На денешната седница, Советот донесе одлука досегашниот раководител Ислам Абази да биде распореден во Вишото јавно обвинителство во Гостивар.
Хаџи Василева: Нема да има простор за притисоци, обвинителите мора да се водат од доказите








