AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Даниела Димовска стапи на функцијата претседател на Кривичниот суд

Даниела Димовска стапи на функцијата претседател на Кривичниот суд

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 1, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Пред Судскиот совет денеска свечена изјава даде новоизбраната претседателка на Основниот кривичен суд Скопје – Даниела Димовска.

Димовска рече дека ќе продолжи со досегашното темпо на работа и како клучни приоритети ги посочи одржувањето на ажурноста на судот, намалувањето на заостанатите предмети, целосната анонимизација на судските одлуки и унапредувањето на транспарентноста преку нова веб-страница.

Таа 14 месеци ја извршуваше функцијата вршител на должност претседател на судот и истакна дека резултатите постигнати во тој период претставуваат основа за натамошната работа.

„Со оглед на тоа што веќе 14 месеци ја извршувам оваа функција, денес, единствено со давањето на заклетвата, можам да ветам дека ќе продолжиме со истото темпо и динамика. Во изминатите 14 месеци успеавме да го намалиме приливот на предмети за 4.000. Еден сме од најажурните судови во државата. Успеавме да го намалиме бројот на стари предмети за 53 проценти. Успеавме да немаме ниту еден застарен предмет во текот на оваа година. При крај се и процесите за анонимизација на судските одлуки. Во тек е постапката за добивање одобрение од Судскиот совет за нова веб-страница на Судот“ кажа Димовска.

Како најголем предизвик во работењето на судот, таа го посочи недостигот од кадар, нагласувајќи дека институцијата функционира со значително намален број вработени.

„За жал, имаме 130 вработени помалку во споредба со периодот пред неколку години. И со овој намален број вработени успеваме да се справуваме со приливот на предмети, меѓутоа најголемиот товар од работата паѓа токму на судската администрација, која не можам да ја изоставам, бидејќи тие се суштинската сила што стои зад судиите“, изјави Димовска.

Осврнувајќи се на довербата во судството, таа оцени дека клучот е во носење законити, образложени и разбирливи судски одлуки, но и во поголема отвореност на судовите кон јавноста.

„Единственото на што сметам дека ние можеме да работиме е носење образложени, законити и разбирливи одлуки, кои ќе бидат добро објаснети пред граѓаните. Сметам дека судот не треба да се правда, меѓутоа дефинитивно одлуките треба да бидат образложени и конзистентни. Тоа е еден од начините преку кои можеме да ја подобриме довербата. Во однос на критиките што често ги слушаме, морам да кажам дека тие силно влијаат врз перцепцијата за судството и дека негативните оценки најчесто доаѓаат не толку поради работата на судиите, колку поради негативните коментари“, изјави Димовска.

Како една од трите власти, судството, според Димовска треба не само да биде рамо до рамо со законодавната и извршната власт, туку и нивен коректив.

Tags: ДаниелаКривиченпретседателка
SummarizeShare234

Related Stories

Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Речиси 22 отсто од граѓаните во Македонија живеат под линијата на сиромаштија, додека државата веќе шест години нема Национална стратегија за справување со проблемот, предупреди Македонската платформа против...

Изборниот законик во блокада – политичка битка за гласовите од дијаспората

Утре Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка на предвремените избори

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Жителите на Општина Брвеница утре, 18 октомври, ќе гласаат на предвремени локални избори за нов градоначалник. Избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае...

Запленети два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто, поради нехигиенски услови

Забранет еден тон пилешки желудник пронајден во месарници во Охрид и Струга

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Две месарници во Охрид и Струга се соочуваат со прекршочни санкции откако не ја почитувале забраната за увоз и употреба на пилешки желудник, соопшти Агенцијата за храна и...

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

by ДЕСК коректив.мк
October 16, 2026
0

Домаќинствата до крајот на годината ќе продолжат да ја плаќаат електричната енергија по актуелните цени, но сè уште е неизвесно дали истото ќе важи и од 1 јануари....

Next Post
Најдобрите земји за живеење во 2026 година: Македонија не е меѓу 63-те рангирани дестинации

Најдобрите земји за живеење во 2026 година: Македонија не е меѓу 63-те рангирани дестинации

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.