AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

Сиромаштија - илустрација / ФОТО: Pexels.com by sanjay adhitya

Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Речиси 22 отсто од граѓаните во Македонија живеат под линијата на сиромаштија, додека државата веќе шест години нема Национална стратегија за справување со проблемот, предупреди Македонската платформа против сиромаштијата во отворено писмо до Владата по повод 17 Октомври – Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата

Според податоците наведени во писмото, 29,5 отсто од децата живеат во сиромаштија, а 38 отсто се соочуваат со повеќедимензионална сиромаштија и растат во услови што претставуваат ризик за нивното здравје, образование, безбедност и развој. Само 19 отсто од домаќинствата со деца добиваат детски и семејни додатоци, наспроти 88 отсто во Европската Унија.

Платформата посочува дека недостатокот од достапни услуги за грижа дополнително ја продлабочува сиромаштијата. Градинка посетуваат 45,5 отсто од децата на возраст од три до шест години, но стапката кај ромските деца изнесува само 17 отсто, во споредба со 95 отсто во ЕУ.

Последиците особено ги чувствуваат жените, кои извршуваат 72,5 отсто од неплатената домашна работа и грижата за децата, старите и изнемоштените лица. Ваквата состојба ја ограничува нивната економска независност и придонесува повеќе од половина од жените во земјата да бидат неактивни на пазарот на труд.

Од МППС оценуваат дека сиромаштијата во земјата е долготраен, структурен и системски проблем, додека отсуството на стратегија од 2020 година и префрлањето на одговорноста меѓу централната и локалната власт создале институционален вакуум. Поради тоа, Платформата бара итно донесување сеопфатна Национална стратегија против сиромаштијата, изработена преку широк, инклузивен и транспарентен процес.

„Националната стратегија против сиромаштија не може и не смее да биде уште еден документ без буџет и скриен во фиока“, порачуваат од МППС.

ФОТО: МППС

Меѓу конкретните барања се спроведување на Европската гаранција за децата, воведување универзален детски додаток, вклучување на домувањето во социјалните политики и зголемување на пристапот до градинки. Платформата бара и развој на услуги за децата со попреченост и за старите лица, посилна заштита на работничките права, намалување на трошоците што граѓаните ги плаќаат од сопствен џеб во здравството и мерки против сиромаштијата кај пензионерите.

Според МППС, државата мора да престане со парцијални мерки што не ги отстрануваат причините за сиромаштијата и да обезбеди континуирана поддршка во сите критични животни премини – од детството и младоста, преку вработувањето, до пензионирањето. Во креирањето и следењето на политиките, велат од Платформата, мора да бидат вклучени граѓанските организации и луѓето со лично искуство со сиромаштија и социјална исклученост.

„Намалувањето на сиромаштијата е политичка одлука“, нагласува Платформата, оценувајќи дека сиромаштијата не смее да се третира како личен неуспех, туку како системски проблем што може и мора да се реши.

Tags: децаМППСсиромаштија
SummarizeShare234

Related Stories

Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

by ДЕСК коректив.мк
October 18, 2026
0

Жителите на Општина Брвеница денеска на 18 октомври гласаат на предвремени избори за градоначалник. Во трката се шест кандидати, а право на глас имаат 16.256 избирачи. Гласањето се...

Изборниот законик во блокада – политичка битка за гласовите од дијаспората

Утре Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка на предвремените избори

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Жителите на Општина Брвеница утре, 18 октомври, ќе гласаат на предвремени локални избори за нов градоначалник. Избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае...

Запленети два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто, поради нехигиенски услови

Забранет еден тон пилешки желудник пронајден во месарници во Охрид и Струга

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Две месарници во Охрид и Струга се соочуваат со прекршочни санкции откако не ја почитувале забраната за увоз и употреба на пилешки желудник, соопшти Агенцијата за храна и...

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

by ДЕСК коректив.мк
October 16, 2026
0

Домаќинствата до крајот на годината ќе продолжат да ја плаќаат електричната енергија по актуелните цени, но сè уште е неизвесно дали истото ќе важи и од 1 јануари....

Next Post
Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.