Турската полиција утрово изврши рација во седиштето на опозициската телевизија Халк ТВ во Истанбул и го прекина емитувањето во живо. На вработените им беше забранет влез во зградата, а радиодифузерот објави дека е назначен нов менаџер кој ќе ја преземе станицата, пренесува Би-Би-Си.
Според извештаите на турските медиуми, полицијата за финансиски криминал ги претресла просториите на телевизиската станица, а уапсени се 11 лица. Акцијата е поврзана со истрагата против сопственикот на телевизијата. Халк ТВ се смета за блиска до опозициската партија и често го критикува претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговата партија.
Телевизиските програми, како и преносите во живо на ЈуТјуб каналот на Халк ТВ, беа недостапни утрово. Според турските медиуми, обвинителите издале налози за апсење на 17 лица како дел од истрагата.
Halk TV’ye şafak baskını: Polis yayını kesti, kayyım atandı, en az 11 gözaltı https://t.co/Obgmyq1sA5
— velev (@velevnews) October 14, 2026








