Тринаесетгодишно дете се бори за живот, откако било избодено со нож во тепачка на улицата „Македонско-косовска бригада“ во скопски Чаир, објави Телма.
Детето е во исклучително тешка здравствена состојба.
Во инцидентот учествувале пет лица – четворица малолетници и едно полнолетно лице, а биле употребени ножеви и безбол-палки.
Полицијата го расчистува случајот и ги утврдува улогите на сите учесници во инцидентот.
Се подготвува кривична пријава за обид за убиство, но последната квалификација ќе ја даде обвинителствто.








