AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Трамп убеден дека заслужува Нобелова за мир, но се сомнева дека ќе ја добие

Трамп убеден дека заслужува Нобелова за мир, но се сомнева дека ќе ја добие

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 8, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека смета оти треба да ја добие Нобеловата награда за мир, но истовремено призна дека не е уверен дека Норвешкиот Нобелов комитет ќе му ја додели наградата.

„Не знам каква ќе биде нивната одлука. Тие имаат репутација дека можеби не им ја доделуваат наградата на луѓе како мене“, рече Трамп, говорејќи за наградата за 2026 година, чиј добитник треба да биде објавен во петок.

Трамп откако повторно се врати во Белата куќа во јануари 2025 година, во повеќе наврати тврдеше дека заслужува да биде награден за своите дипломатски активности и напорите за решавање на меѓународни конфликти.

„Време е за тоа“, изјави тој пред новинарите во Овалната соба, додавајќи дека му претставувало голема чест што минатата година наградата ја добил „индиректно“.

Во јануари, венецуелската опозициска лидерка Марија Корина Мачадо му го врачи на Трамп својот медал од Нобеловата награда за мир за 2025 година, додека бараше поддршка од САД за нејзините напори во Венецуела.

Трамп тврди дека бил вклучен во решавањето или смирувањето на осум меѓународни конфликти откако повторно ја презеде претседателската функција. Лидерите на Камбоџа, Израел и Пакистан изјавија дека го номинирале за наградата, но овие наводи не можат независно да се потврдат, бидејќи номинациите не се јавно објавени.

Неговата улога во дел од конфликтите, сепак, е оспорувана од страните што се вклучени во нив. Во некои региони каде што Трамп тврди дека помогнал во постигнување договор, борбите повторно продолжиле, меѓу другото во Демократска Република Конго и долж границата меѓу Камбоџа и Тајланд.

Трамп досега не успеа да постигне мир во Украина, иако за време на кампањата вети дека војната ќе ја заврши уште на првиот ден од неговиот втор мандат.

Меѓу имињата и институциите кои се споменуваат како можни кандидати за Нобеловата награда за мир оваа година се папата Лав XIV, Меѓународниот кривичен суд и специјалниот известувач на Обединетите нации за палестинските територии.

Нобеловиот комитет треба да го објави добитникот на наградата за мир на 9 октомври.

Tags: Нобелов комитетНобелова наградаНобелова награда за мирТрамп
SummarizeShare234

Related Stories

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Уапсени уште тројца од „Алта банка“ – со фиктивни уплатници „наталожиле“ над 300 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Вишиот суд во Белград ѝ одреди 30-дневен притвор на директорката на компанијата „Алта груп“, Т. Б., додека вработената во благајната на „Алта банка“, Ј. П., ќе биде во...

Зеленски го обвини Трамп за недоволна поддршка

Зеленски го обвини Трамп за недоволна поддршка

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство од американската поддршка, обвинувајќи ја администрацијата на Доналд Трамп дека не врши доволно силен притисок врз Русија за прекин на војната, додека...

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Норвешка ќе испрати електронски пораки или текстуални пораки до милиони свои граѓани за да провери дали се членови на верски заедници, по низа случаи во кои одредени верски...

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс Икс“ - една што ќе ја донира компанијата и...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.