AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска, опозицијата ја обвини за лошо управување со енергетскиот сектор

Сања Божиновска / Фото: Принтскрин

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска, опозицијата ја обвини за лошо управување со енергетскиот сектор

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Собранието денеска ја отфрли интерпелацијата за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, поднесена од Левица. На гласањето 19 пратеници беа „за“, 63 гласаа „против“, а немаше воздржани.

Во расправата опозицијата упати низа критики за работењето на министерката, обвинувајќи ја за недоволни резултати во енергетиката и рударството, неправилности во извршувањето на функцијата, занемарување на јавниот интерес и непочитување на законите.

Пратениците посочија дека Македонија доцни со реформите за поврзување на домашниот енергетски пазар со европскиот, како и со исполнувањето на обврските од европскиот механизмот за јаглеродно гранично прилагодување. Според нив, и покрај отворањето на внатредневниот пазар на електрична енергија, сè уште нема соодветна регулаторна рамка што ќе им овозможи на производителите на енергија од обновливи извори да бидат поконкурентни на европскиот пазар.

Критики беа упатени и за начинот на кој се врши откупот на електричната енергија од фотоволтаичните електрани. Опозицијата побара поголема транспарентност во енергетскиот сектор, поефикасен надзор врз пазарот и јасни правила за приклучување нови производствени капацитети на дистрибутивната мрежа.

Од владејачкото мнозинство ги отфрлија обвинувањата, наведувајќи дека дел од прашањата отворени во интерпелацијата се однесуваат на институции врз кои Министерството нема директни надлежности, како ЕСМ, ЕВН и Регулаторната комисија за енергетика.

Како аргументи за работата на Божиновска ги посочија новиот Закон за енергетика, субвенциите за ранливите категории граѓани, намалувањето на производствената цена на електричната енергија во ЕСМ, како и инвестициите во ветерни и фотоволтаични централи и ревитализацијата на хидроенергетските објекти.

Божиновска од собраниската говорница порача дека политичкото несогласување не може да се претставува како незаконско работење и дека обвинувањата мора да бидат поткрепени со докази.

„Не може политичкото несогласување да се прогласи за незаконитост, а различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот. Не може обвинувањето да стане факт само затоа што сте го напишале во вашата интерпелација“, рече Божиновска.

Таа им се заблагодари на пратениците за можноста да ја презентира работата на Министерството, но побара и подносителите на интерпелацијата да преземат одговорност за точноста на нивните тврдења.

Tags: интерпелацијаминистерка за енергетикаСања БожиновскаСобрание
SummarizeShare234

Related Stories

Студентите се жалат на лоши услови во домовите, доцнење на стипендии и прекини на оброкот

Студентите се жалат на лоши услови во домовите, доцнење на стипендии и прекини на оброкот

by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
0

Независната студентска платформа „Студентарија“ презентираше над 700 пријави и преку 1.200 гласови од студенти собрани во изминатите шест месеци преку веб-страницата „Дигитален студентски глас“. Анализата укажува на системски...

Велешанецот ги убедувал семејствата дека и политичари ја купувале „кубанската вакцина“, го злоупотребил и името на Талат Џафери

Велешанецот ги убедувал семејствата дека и политичари ја купувале „кубанската вакцина“, го злоупотребил и името на Талат Џафери

by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
0

Велешанецот М.А., кој со години измамувал десетици пациенти со карцином во Македонија, пласирал приказна дека ректори, политичари и бизнисмени ја купувале истата вакцина од него. Како што објави...

Две пресметки за трошоците на едно семејство: Владината кошница 58 илјади, синдикалната над 70 илјади денари

Две пресметки за трошоците на едно семејство: Владината кошница 58 илјади, синдикалната над 70 илјади денари

by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
0

Колку пари му се потребни на едно четиричлено семејство за да ги покрие месечните трошоци? Според пресметката на Министерството за економија и труд, потрошувачката кошница за септември изнесува...

Личната карта и возачката дозвола од четврток ќе ги имаме и на мобилен телефон

Личната карта и возачката дозвола од четврток ќе ги имаме и на мобилен телефон

by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
0

Граѓаните од четврток ќе можат да ги користат личната карта и возачката дозвола во дигитална форма, преку новата апликација за електронски паричник. Нејзината официјална промоција е најавена за...

Next Post
Вучиќ го распушта парламентот: Србија оди на предвремени парламентарни избори на 25 октомври

Вучиќ е поразен - што сега?

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.