AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Црвен картон за говорот на омраза во македонскиот фудбал

Зградата на ОЈО

Савески за тешкото насилство врз девојката од Охрид: Нејзиното сведочење може да обезбеди важни докази

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Јавното обвинителство интензивно работи на целосно расветлување на случајот со бруталниот напад врз 26-годишната Сара Ѓоргиеска од Охрид, а нејзиниот исказ ќе има особено значење за истрагата. Државниот јавен обвинител Ненад Савески информира дека надлежниот обвинител веќе стапил во контакт со девојката и дека нејзиното сведочење може да обезбеди важни докази за понатамошната постапка.

„Тој исказ ни е многу суштествен“, изјави Савески, посочувајќи дека се преземаат сите неопходни истражни дејствија за утврдување на целосната фактичка состојба и одговорноста на сите инволвирани.

Одговарајќи на прашањата за реакциите во јавноста поради тоа што за 31-годишниот осомничен беа побарани мерки на претпазливост наместо притвор, Савески рече дека е во постојана комуникација со раководителот на Основното јавно обвинителство Охрид и дека ги следи сите информации поврзани со случајот.

„Ги следам состојбите и преку социјалните мрежи и преку медиумите, а директни информации имам од раководителот на ОЈО Охрид. Таму интензивно се работи на разоткривање на целата состојба на работите, свесни за тоа колку е од значење Јавното обвинителство да покаже брзо и ефикасно постапување и свесни за опасноста на овој вид криминалитет“, изјави Савески.

Во однос на можноста нападот да биде преквалификуван во обид за убиство, наместо тешка телесна повреда, државниот обвинител посочи дека сè уште е рано да се донесе конечна одлука. Според него, доказите ќе бидат разгледани и поединечно и како целина, а предвременото утврдување на правната квалификација би било шпекулација додека не се комплетира доказниот материјал.

„Доколку ви одговорам на вашето прашање и да утврдам јас соодветна правна квалификација, тоа би се свело на мое шпекулирање“, рече Савески.

Тој потврди дека истрагата ги опфаќа сите аспекти на настанот, вклучително и дејствијата на таткото на оштетената, во врска со наводите за закани кон семејството на осомничениот. По утврдувањето на фактичката состојба, Обвинителството најави официјално соопштение за натамошниот тек на постапката.

Охридскиот насилник доби мерки на претпазливост, а кривична пријава и за таткото на претепаната девојка поради закани

Триесет и едногодишниот К.К. од Охрид е осомничен за нападот врз својата 26-годишна партнерка, а наместо притвор, судот му одреди мерки на претпазливост. Против него е поднесена кривична пријава за „тешка телесна повреда“, а му е забрането да ѝ се приближува и да ја контактира девојката.

Според информациите од полицијата, нападот се случил на 15 ноември, околу два часот по полноќ. По претходна расправија во домот на осомничениот, конфликтот продолжил во автомобилот, каде што тој физички ја нападнал партнерката. Откако го запрел возилото, нападот продолжил, при што девојката изгубила свест.

Таа најпрво била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа во Специјалната болница „Св. Еразмо“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил приведен неколку часа по настанот, во 5:05 часот.

Паралелно со случајот, отворена е и постапка во врска со пријавени закани кон семејството на осомничениот. Неговата мајка пријавила дека таткото на Сара му упатувал закани на нејзиниот син и на целото семејство преку телефон. Таткото на девојката бил приведен истиот ден, а против него беше најавено поднесување соодветен поднесок.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста, особено по реакциите и тврдењата на мајката на Сара за околностите на нападот и настаните по него.

Мајката на претепаната девојка тврди дека насилникот во Охрид сакал да ја „докрајчи“

Tags: доказиНасилствоненад савескиОЈООхридсведочење
SummarizeShare234

Related Stories

По две години бегство, осуден дилер фатен во Арачиново

Насилникот од Охрид повторно приведен во полициска станица

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Кристијан Корабоски, осомничен за тешката телесна повреда на Сара Ѓоргиеска од Охрид, повторно е приведен во полициска станица, дознава „Слободен печат“ од полициски извори. Корабоски претходно доби кривична...

Уапсен е владин возач – барал мито за вработување на пожарникар

Се предаде битолчанецот кој избега од полициска станица додека полицајците се обидувале да го приведат за семејно насилство

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Дваесет и четиригодишниот К.У., кој минатата недела избега од полициската станица во Битола скокајќи низ прозорец додека полицајците се обидувале да го лишат од слобода, денеска сам се...

Две девојчиња повредени откако ветер урна стаклен ѕид од Матичното во Битола

Две девојчиња повредени откако ветер урна стаклен ѕид од Матичното во Битола

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Силен ветер го урна стаклениот ѕид на Матичното во центарот на Битола, при што има повредени лица, објави локалниот портал „Апла“. Според информациите, на местото интервенирала Итната медицинска...

Драма во Чегране: Двајца со БМВ се обиделе да прегазат полицајци, тројца приведени

Драма во Чегране: Двајца со БМВ се обиделе да прегазат полицајци, тројца приведени

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Три лица се уапсени во гостиварското село Чегране по инцидент во кој двајца од нив, според информациите за случајот, со автомобил „БМВ“ се обиделе да прегазат полициски службеници....

Next Post
Уапсен е владин возач – барал мито за вработување на пожарникар

Се предаде битолчанецот кој избега од полициска станица додека полицајците се обидувале да го приведат за семејно насилство

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.