Реката Фицрој, дом на околу 500 крокодили, денес официјално доби зелено светло да биде домаќин на натпреварите во веслање и кану-спорт за време на Олимписките игри во Бризбејн во 2032 година.
Патеката на реката Фицрој во Рокхемптон, Квинсленд, успешно ја помина независната техничка проценка за нејзината соодветност, пренесува Би-Би-Си.
Проценката не го опфати прашањето за крокодилите; наместо тоа, се анализираше „како патеката би функционирала во различни услови, вклучувајќи ги временските прилики, нивото на водата и ризикот од поплави – како за време на самите Игри, така и во периодот што им претходи“.
Извештајот беше нарачан од Управата за координација на инфраструктурата и инвестициите за Игрите (GIICA), од каде што истакнаа дека спортскиот терен за спортови на мирни води на реката Фицрој „веќе служи како место за тренинг и натпревари, поддржувајќи ги државните училишни првенства, локалните регати и тренинг-камповите на националните тимови“.
Тригодишно момче нападнато од крокодил во британска зоолошка градина подложно на пет операции; претстои долг процес на закрепнување
Како крокодилите препливале преку Индискиот Океан до Сејшелите – ДНК ја решава мистеријата стара 250 години
Како веќе етаблирано место за веслање, таму постојат планови за постапување во случај на појава на крокодили, а олимписките претставници претходно добија уверувања во врска со безбедноста на веслачите.
Светската веслачка федерација (World Rowing) и Меѓународната кану-федерација ја одобрија патеката. „Врз основа на опсежна анализа, сега знаеме дека реката Фицрој може да обезбеди фер услови за натпреварување за време на Игрите, во согласност со барањата за олимписко и параолимписко веслање“, изјави претседателот на Светската веслачка федерација, Жан-Кристоф Ролан.
Крокодилите, локално познати како „Salties“ (соленоводни крокодили), живеат и во слатки и во солени води и можат да пораснат повеќе од шест метри во должина.









