Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ најави протест против фемицидот, насилството врз жените и институционалната неодговорност, кој ќе се одржи в петок, 20 ноември, со почеток во 13 часот пред Владата.
View this post on Instagram
Од иницијативата повикуваат на масовно присуство и бараат одговорност, правда и почитување на правата на жените, посочувајќи дека е доста од ветувања, молчење и чекање.
Дополнително, најавен е и протест за 25 ноември, среда, во 17 часот, во паркот „Жена борец“ во центарот на Скопје.
Протестите следуваат по последниот случај на насилство, во кој 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид беше брутално претепана од нејзиниот 31-годишен партнер. Против него е поднесено обвинение за три кривични дела, а судот му одреди 30-дневен притвор.
Корабоски обвинет за три кривични дела, доби 30 дена притвор за нападот врз Сара
Во врска со случајот, вчера се одржа протест и пред Полициската станица во Охрид, во организација на Форумот на жени на СДСМ. Оттаму побараа прекин на насилството и институционална реакција, како и одговорност за евентуалните пропусти во постапувањето на надлежните.









