AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Лого на Алта банка

На продажба 95,3 отсто од акциите на Алта банка Битола, првата аукција на 30 ноември

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Народната банка официјално ја започна постапката за продажба на доминантниот акционерски пакет во „Алта банка“ АД Битола, со цел да се обезбеди нов сопственик и да се создадат услови за продолжување на работењето на банката.

На продажба се понудени 372.742 обични акции, односно 95,336 отсто од вкупниот број акции, кои се во сопственост на „Алта банка“ АД Белград, која е во стечај.

Продажбата ќе се реализира преку Македонската берза, според принципот „сè или ништо“, што значи дека заинтересираните инвеститори ќе мора да го преземат целиот пакет, без можност за купување само на дел од акциите.

Првата јавна берзанска аукција е закажана за 30 ноември 2026 година, со почетна цена од 3.777 денари по акција. Доколку не се најде купувач, нови аукции ќе се одржат на 1, 2, 3, 4 и 7 декември, при што почетната цена на секоја следна аукција ќе се намалува за 10 отсто во однос на претходната.

Заинтересираните инвеститори најдоцна до 19 ноември треба да достават барање до Народната банка за добивање претходна согласност за стекнување квалификувано учество во банката, како и писмена изјава дека располагаат со потребните средства за купување на акциите.

Постапката следува откако Народната банка ја воведе привремената администрација во „Алта банка“ Битола, по одземањето на дозволата за работа на нејзиниот доминантен сопственик во Србија. Целта е да се обезбеди нов сопственик, да се зачува стабилноста на банката и да се заштитат интересите на штедачите и клиентите.

Во меѓувреме, српските власти водат истрага против сопственикот на белградската „Алта банка“, Давор Мацура, под сомнение дека изнел големи финансиски средства од трезорот на банката. Нему му е одреден 30-дневен притвор.

Tags: акцииАлта банкаберзаДавор Мацурапродажба
SummarizeShare234

Related Stories

Мајката на претепаната девојка тврди дека насилникот во Охрид сакал да ја „докрајчи“

Охридскиот насилник доби мерки на претпазливост, а кривична пријава и за таткото на претепаната девојка поради закани

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Триесет и едногодишниот К.К од Охрид, осомничен за бруталниот напад врз својата 26-годишна партнерка Сара Ѓоргиевска, доби мерки на претпазливост, наместо притвор. Против него е поднесена кривична пријава...

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлука на Обвинителеството што охридскиот насилник е пуштен на слобода

ВМРО-ДПМНЕ: Скандалозна одлука на Обвинителеството што охридскиот насилник е пуштен на слобода

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ го осуди насилството врз 26-годишната девојка од Охрид и побара целосно расчистување на случајот, детална истрага и одговорност за сите што евентуално се обиделе да...

Мајката на претепаната девојка тврди дека насилникот во Охрид сакал да ја „докрајчи“

Мајката на претепаната девојка тврди дека насилникот во Охрид сакал да ја „докрајчи“

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Случајот со 31-годишниот охриѓанец кој брутално ја претепал својата девојка и ја оставил без свест на улица добива нови вознемирувачки детали. Мајката на девојката, која сè уште се...

Ива Михаилова на поткаст во Бугарија: Обвинителот ми бараше пари, Мицкоски финансира медиуми што шират омраза кон Бугарите

Михаилова негира принуда, откако во објавени снимки зборува за притисоци од бугарската безбедносна служба

by ДЕСК коректив.мк
November 15, 2026
0

Ива Михаилова во објава на Фејсбук порачува дека никој во Бугарија не ја принудувал на ништо, откако бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави аудиоснимки од разговори со неа во...

Next Post
Мајката на претепаната девојка тврди дека насилникот во Охрид сакал да ја „докрајчи“

Охридскиот насилник доби мерки на претпазливост, а кривична пријава и за таткото на претепаната девојка поради закани

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.