AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Втор танкер за два дена потона во Црното Море кај Бугарија, во тек е спасувачка операција

Фото: Pexels

Втор танкер за два дена потона во Црното Море кај Бугарија, во тек е спасувачка операција

Танкерот „Гас Хаски“ пловел под либериско знаме, а на него имало 19 членови на екипажот, сите државјани на Филипините

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Втор трговски брод за два дена потона во ексклузивната економска зона на Бугарија во Црното Море. Либерискиот танкер за транспорт на гас „Гас Хаски“ потонал утрово на околу 50 наутички милји од бугарскиот брег, а во тек е спасувачка операција за пронаоѓање и спасување на 19-члениот екипаж, соопшти бугарското Министерство за одбрана.

Во операцијата се вклучени бугарски воени лица и воздухоплови. На местото каде што бил забележан сплав за спасување со луѓе бил испратен хеликоптер „Кугар“, пренесува „Еуроњуз“.

Се запали танкер со нафта и хемикалии во романските води на Црното Море, осум лица се водат како исчезнати

Танкерот исчезнал од радарот кратко по полноќ, а во 8:02 часот по локално време била активирана неговата итна пловечка сигнална пловка, која испратила сигнал дека бродот потонал.

„Гас Хаски“ пловел од Александрија, Египет, кон романското пристаниште Мидија. Ова е вториот трговски брод што потонал во бугарската економска зона во Црното Море во последните два дена.

Во понеделникот потона и товарен брод под сомалиско знаме, недалеку од местото на денешниот инцидент. Сите 12 членови на неговиот екипаж беа спасени.

Дронови напаѓаат бродови во Црното Море, затворени плажите во Сочи

Причините за двата инцидента се предмет на истрага. Засега нема официјални информации дали бродовите биле погодени од беспилотни летала.

Во изминатите неколку недели беа регистрирани повеќе напади со дронови врз трговски бродови во близина на Бугарија и Романија, кои аналитичари и политички лидери широко ги поврзуваат со руската војна против Украина, објави „Еуроњуз“.

Tags: бугаријапотонаттанкерЦрно Море
SummarizeShare234

Related Stories

(ВИДЕО) Актерката Вукиќевиќ излеана со јогурт пред почетокот на конститутивната седница во српското Собрание

(ВИДЕО) Актерката Вукиќевиќ излеана со јогурт пред почетокот на конститутивната седница во српското Собрание

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Новиот состав на Собранието на Србија денеска ја одржува конститутивната седница, по изборната победа на Студентската листа, која освои 140 од вкупно 250 пратенички места. Нејзините претставници пристигнаа...

Цената на нафтата продолжува да паѓа, Брент се спушти на 91,62 долари за барел

Цената на нафтата продолжува да паѓа, Брент се спушти на 91,62 долари за барел

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Цените на нафтата забележаа нов пад на светските берзи, при што суровата нафта „Брент“ се спушти на 91,62 долари за барел. Американската нафта WTI исто така поевтини и...

Брнабиќ ја обвини РТС дека подготвува терен за апсење на Вучиќ поради тврдењата за притисок од ЕУ

Брнабиќ ја обвини РТС дека подготвува терен за апсење на Вучиќ поради тврдењата за притисок од ЕУ

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, остро реагираше на прилогот на Радио-телевизија Србија (РТС), во кој беа пренесени тврдењата на поранешната белгиска амбасадорка во Белград, Дениз де Хауер,...

Естонија од 1 декември ги затвора сите патни премини со Русија 

Естонија од 1 декември ги затвора сите патни премини со Русија 

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Естонија од 1 декември ќе ги затвори сите патни гранични премини со Русија, откако нејзините безбедносни служби спречиле обид за подметнување пожар во фабриката на одбранбената компанија „Треод...

Next Post
Зајкова бара одговори од Обвинителството: Како тешка телесна повреда стана телесна повреда во случајот со претепаната девојка од Охрид?

Зајкова бара одговори од Обвинителството: Како тешка телесна повреда стана телесна повреда во случајот со претепаната девојка од Охрид?

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.