Manisa’da okula düzenlenen silahlı saldırının ardından veliler okula geldi.
— Okula gelen velileri, kolluk kuvvetleri sakinleştirmeye çalışıyor. https://t.co/UemY3OnaQF
— BPT (@bpthaber) September 22, 2026
Најмалку осум ученици се повредени во вооружен напад пред средно училиште во градот Тургутлу, во западната турска провинција Маниса.
Пукањето се случило во утринските часови пред стручното и техничко средно училиште „Инџи Умез“. Според првичните информации, вооруженото лице отворило оган во близина на училиштето, по што на местото биле испратени полициски и медицински екипи.
Повредените биле пренесени во болница, а засега нема официјални информации за сериозноста на нивната состојба.
Осомничениот напаѓач бил брзо пронајден и приведен од безбедносните сили. Во тек е истрага за мотивите и околностите под кои дошло до нападот.
Според турските медиуми, напаѓачот бил вооружен со пушка и побегнал од местото по пукањето, но полицијата набрзо го уапсила. Случајот предизвика дополнително внимание во Турција, каде што ова е трет инцидент со пукање поврзан со училиште годинава.
Во април, во два одвоени инциденти во училиштата во провинциите Шанлиурфа и Кахраманмараш, беа ранети и загинаа повеќе ученици и наставници.








