Белата куќа побара американската амбасадорка во Грција, Кимберли Гилфојл, да поднесе оставка, соопшти портпаролката на Белата куќа, Кејти Захарија, пренесува Ројтерс.
„Побаравме амбасадорката Гилфојл да поднесе оставка. Таа даде голем придонес за нашиот тим и ѝ посакуваме сè најдобро“, изјави Захарија на брифингот со новинарите.
Американскиот претседател Доналд Трамп уште вчера најави дека размислува да ја разреши Гилфојл.
Американски законодавци претходно изразиле загриженост поради наводите дека Гилфојл можеби се заканувала дека ќе го искористи американското влијание за да ја поткопа грчката влада.
Американската амбасада во Атина не одговорила веднаш на барањето за коментар упатено до Гилфојл.
Грција е важен сојузник на САД во НАТО и обезбедува клучни воени објекти за заштита на безбедноста во источниот Медитеран. Земјата, исто така, ја предводи поморската мисија на Европската Унија за заштита на трговскиот поморски сообраќај во Црвеното Море, пишува Ројтерс.









