AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Судењето за Државна лотарија доби нов термин по апсењето на Перпарим Бајрами

Кривичен суд Скопје

Судењето за Државна лотарија доби нов термин по апсењето на Перпарим Бајрами

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 10, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Судското рочиште за „Државна лотарија“ наместо на закажаните термини на 11 и 16 септември е поместено на 18 септември откако денеска на истражните органи во земјава им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.

Падот на Перпарим Бајрами – хронологија на аферите во Државна лотарија

Кривичниот суд информира дека Бајрами има законски рок од осум дена за увид во обвинителниот предлог поради што расправите закажани на 11 и 16 септември се отповикуваат.

„Управата на КПУ Затвор Скопје го извести Основниот кривичен суд Скопје дека Перпарим Бајрами, прво обвинет во предметот со К.бр. 1494/26 поврзан со Државната лотарија, а кој се барање со меѓународна потерница, утрово, нешто по 7 часот е спроведен во затворот на издржување на претходно определената мерка притвор. Заради тоа судот, во текот на денов, на обвинетиот ќе му достави примерок  од обвинителниот предлог  како би можел да се запознае со истиот, а со оглед да Законскиот рок за увид во предлогот и доказите е 8 дена, расправите насрочени за 11 ти и 16 ти септември се отповикуваат а судењето ќе продолжи на 18 ти септември во 12:00 часот“, информира Кривичниот суд.

Од Основното јавно обвинителство Скопје, пак, соопштија дека против Бајрами веќе е поднесено обвинение и дека судската постапка е во тек.

„По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје против обвинетиот се води судска постапка. За него, по предлог на јавен обвинител, веќе е определена мерка притвор која е активна. Судската постапка во која тој е обвинет за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик е во тек. Дополнително, во ОЈО Скопје во тек се уште четири постапки против него за истото кривично дело во кои се прибираат докази и се вршат вештачења“, наведуваат од ОЈО Скопје.

Против Бајрами се водат уште четири постапки

Tags: Државна лотаријаКривичен судПерпарим Бајрами
SummarizeShare235

Related Stories

Уапсен е владин возач – барал мито за вработување на пожарникар

Уапсен 38-годишен скопјанец за убиството кај Смилковци

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Полицијата го расчисти убиството на 38-годишниот Ш.Е. од селото Љубин, чие тело со прострелна рана беше пронајдено минатата сабота на скопската обиколница „Мајка Тереза“, во близина на Смилковци....

Трагедија во прилепски „Мермерен комбинат“: Работник почина по повреда на работното место

Трагедија во прилепски „Мермерен комбинат“: Работник почина по повреда на работното место

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Работник во „Мермерен комбинат“ во Прилеп починал утрово во болница, откако се здобил со тешки повреди за време на ноќната смена. Станува збор за 54-годишниот Т.Г., кој по...

Црвен картон за говорот на омраза во македонскиот фудбал

Татко и две ќерки осомничени дека претепале жена по расправија за добиток во Дрење

by ДЕСК коректив.мк
November 25, 2026
0

Татко и неговите две ќерки се осомничени за напад врз жена од селото Дрење, по расправија околу добитокот, при што таа се здобила со скршеница на левиот скочен...

Ученици од Скопје нападнати во Охрид додека шетале со професорите

Хотел во Охрид добил дозвола за употреба и покрај незаконската градба, кривична пријава за надзорник

by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
0

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч. 67-годишен жител на Кавадарци и фирма во негова сопственост, поради сомнение за злоупотреба на службената положба при изградбата и пуштањето во...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.