AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
По повеќе од една година во бегство, се предаде Перпарим Бајрами – спроведен е во затворот во „Шутка“

Против Бајрами се водат уште четири постапки

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 9, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Повеќе од една година откако беше недостапен за македонските органи на прогонот, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утрово се предаде на граничниот премин „Блаце“.

Против него веќе е поднесен обвинителен акт за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Државна лотарија“, а се водат и уште четири други постапки, информираше Обвинителството.

Бајрами е еден од осумтемина обвинети во случајот за работењето на Државна лотарија во периодот 2023–2024 година. Меѓу обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, а обвинението се однесува на наводни злоупотреби при воведувањето и набавката на опрема за електронски игри на среќа.

Според обвинението, со дејствијата на обвинетите на Државна лотарија ѝ била предизвикана штета од 596.125.511 денари. Обвинителството во судската постапка најави 231 материјален доказ, повеќе вештачења и седум сведоци. Сите обвинети кои досега се појавија пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, додека Бајрами се суди во отсуство.

Против поранешниот директор се водат и други постапки поврзани со неговото раководење со Државна лотарија.

Една од нив се однесува на сомнежи за незаконско постапување при склучување договор за закуп на деловен простор. Според кривичната пријава, просторот не бил соодветно подготвен за потребите на Лотаријата, а закупнината по квадратен метар била повисока од пазарната. Во пријавата се наведува и дека на фирмата ѝ биле исплатени 24,6 милиони денари.

Уште претходно против Бајрами биле поднесувани пријави поврзани со јавни набавки и други финансиски сомнежи во работењето на Државна лотарија. Според достапните информации, против него биле поднесени повеќе кривични пријави за злоупотреби поврзани со периодот кога ја раководел државната компанија.

Падот на Перпарим Бајрами – хронологија на аферите во Државна лотарија

Tags: Артан ГрубиБајрамидиректорДржавна лотаријаистрагиОБвинителствоОЈОпостапкипритвор
SummarizeShare235

Related Stories

Стојна Димитровска повторно заврши во полициска станица, сакала да наплати влезници во Куклица

Стојна Димитровска повторно заврши во полициска станица, сакала да наплати влезници во Куклица

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Стојна Димитровска повторно е приведена по инцидент во локалитетот „Камени кукли“ во Кратово. Полицијата ја лишила од слобода вчера во 11:30 часот, по пријава дека се обидела да...

ВИДЕО: На пазарот во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

ВИДЕО: На пазарот во Чаир запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Царински службеници заплениле 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол при контрола на тезги на зелениот пазар во Чаир. Кај тројца продавачи биле откриени акцизни производи без...

Уапсен е владин возач – барал мито за вработување на пожарникар

Четворица приведени за двете убиства во Хром и Ѓорче Петров, побаран e притвор

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Четири лица се лишени од слобода под сомнение дека ги извршиле двете разбојништва со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи....

Службениот „мерцедес“ на заменик директорот на Државна лотарија, Ахмет Мифтари запален доцна синоќа

За пет дена, два смртни случаи со траги од насилство во Ѓорче Петров

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Седумдесет и шестгодишна жена денеска е пронајдена почината со видливи траги од насилство во нејзиниот дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Скопје. Ова е втор ваков случај во...

Next Post
Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.