AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Сиљановска-Давкова: Демократијата не се гради преку ноќ, Гошев порача да не се заборава АСНОМ

Сиљановска-Давкова не ги потпиша измените на Законот за јавни набавки, спорни ѝ се мандатите на Комисијата

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за прогласување на измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои Собранието ги усвои на седницата одржана на 26 октомври. Таа смета дека новото законско решение отвора простор за неограничен број мандати на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки, што може да доведе до концентрација на моќ и влијание врз одлучувањето за трошењето на јавните пари.

Во образложението на одлуката, Сиљановска-Давкова наведува дека според досегашната законска формулација, претседателот и членовите на Комисијата се именуваат за пет години, со право на уште еден избор. Со усвоените измени, пак, се предвидува мандат од пет години со право на повторно именување.

Според претседателката, разликата во формулацијата не е само техничка, туку создава правна нејаснотија и остава можност за неограничено повторување на мандатите.

Таа предупредува дека ваквото решение може да овозможи концентрација на апсолутна моќ во мал број лица, особено имајќи предвид дека Комисијата одлучува за жалби во постапките за јавни набавки, во кои се трошат значителни јавни средства.

Сиљановска-Давкова во образложението потсетува и на претходни одлуки и работењето на ова тело, кое, како што наведува, било проследено со бројни проблеми, сомнежи и обвинувања за непрописно, неодговорно и незаконско постапување.

„Сметам дека новото законско решение, во за мене спорната одредба од членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, отвора сериозни дилеми за владеење на правото“, наведува претседателката.

Таа побара од Собранието при повторното разгледување на законските измени да ги земе предвид нејзините забелешки и да ги преиспита причините поради кои не го потпишала указот.

Инаку, измените на Законот за јавните набавки, кои беа усвоени во Собранието, предвидуваат воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за следење на постапките и откривање можни злоупотреби. Меѓу новините е и задолжителната примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“, како и поголема автоматска размена на податоци меѓу институциите.

Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

Tags: Гордана Сиљановска Давковазакон за јавни набавкиКомисијамандати
SummarizeShare234

Related Stories

Кос: Без уставни измени нема придвижување на европскиот пат за Северна Македонија

Кос: Без уставни измени нема придвижување на европскиот пат за Северна Македонија

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Северна Македонија треба да ја покаже истата решителност за уставните измени каква што покажала во спроведувањето на реформите од Реформската агенда, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос при...

Терапија за мултиплекс склероза ќе има и во болниците во Охрид и Штип

Клековски најави нова организација на Итната помош и дигитализација на здравството до 2030 година

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Министерот за здравство, Сашо Клековски најавува промени во повеќе сегменти од здравствениот систем - од проширување на терапиите достапни за пациентите и реконструкција на болничките одделенија, до нов...

Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Македонија и оваа година останува без посериозен напредок во процесот на евроинтеграции. За разлика од Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина, кои ќе добијат патокази за членство во...

Приведен виш јавен обвинител од Битола – влијаел врз обвинители и судии во најмалку четири предмети

Полициските возила ќе станат мобилни камери за сообраќајни прекршоци

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Полициските возила, вклучително и оние без видливи ознаки на МВР, ќе добијат опрема за автоматско регистрирање сообраќајни прекршоци. Новиот систем треба да почне да функционира во 2027 година...

Next Post
Терапија за мултиплекс склероза ќе има и во болниците во Охрид и Штип

Клековски најави нова организација на Итната помош и дигитализација на здравството до 2030 година

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.