AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Железницата со милионски загуби, застарена инфраструктура и делници што се градат со децении, утврди ревизијата

Железници

Железницата со милионски загуби, застарена инфраструктура и делници што се градат со децении, утврди ревизијата

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Државниот завод за ревизија утврдил дека ЈП „Железници на Република Северна Македонија – Инфраструктура“ со години работи со загуби, а железничката инфраструктура е застарена, недоволно одржувана и делумно нефункционална. И покрај одобрените заеми од 191,4 милиони евра за изградба и реконструкција на пругите, 44 отсто од средствата сè уште не се повлечени.

Според конечниот ревизорски извештај за 2024 година, претпријатието минатата година остварило загуба од 188,7 милиони денари, а заедно со загубите од претходните години вкупниот негативен финансиски резултат достигнал 4,7 милијарди денари.

Ревизорите предупредуваат дека континуираните загуби го ограничуваат тековното и идното работење на претпријатието и го доведуваат во прашање ефикасното управување, одржувањето и безбедноста на железничката инфраструктура.

Еден од најсериозните проблеми е долгогодишното доцнење на проектите за изградба и реконструкција на источниот дел од Коридорот 8. Ревизијата утврдила отсуство на системски пристап и недоволна подготвеност во планирањето и проектирањето, поради што се појавиле дополнителни работи, измени на проектите и зголемување на договорните вредности.

Така, вредноста на договорот за првата делница Куманово – Бељаковце е зголемена за 96 отсто во однос на првично договорената, односно за дополнителни 39,7 милиони евра. Рокот за завршување на проектот е пролонгиран за осум години и три месеци, меѓу другото, поради грешки во проектната документација, несоодветни технички решенија и потреба од дополнителна експропријација.

Кај втората делница Бељаковце – Крива Паланка, договорот за изградба во вредност од 155 милиони евра е склучен дури во јули 2022 година, односно 18 години по запирањето на градежните работи и осум години по склучувањето на договорот за заем. Предвидениот рок за завршување е 23 октомври 2026 година.

Дополнителен финансиски товар се и провизиите за одобрените, но неповлечени кредити. Од вкупно 191,4 милиони евра одобрени заеми, 44 отсто сè уште не се искористени, а до крајот на 2024 година државата платила 7,78 милиони евра провизии за неповлечените средства. Само во 2024 година за оваа намена биле исплатени 536 илјади евра, додека каматите за заемите изнесувале 2,85 милиони евра.

Ревизијата открила и дека 33 отсто од материјалните средства во подготовка биле набавени пред 15 години, но воопшто не биле искористени, што отвора прашања за оправданоста на набавките и можноста за намалување на нивната употребна вредност.

Проблеми се констатирани и во имотната евиденција. За земјиште во вредност од 7,2 милијарди денари не се обезбедени имотни листови, 91 отсто од градежните објекти, во вредност од 12,7 милијарди денари, не се евидентирани во катастарот на инфраструктурни објекти, а за 88 отсто од останатите градежни објекти претпријатието нема имотни листови со кои би ја докажало сопственоста.

Според ревизорскиот извештај, железничката инфраструктура е застарена, недоволно одржувана и делумно нефункционална. На делови од главните коридори 10, 10д и 8 возовите сообраќаат со намалена брзина поради дефекти, застарени системи и опожарени прагови, додека на одредени делници железничкиот сообраќај е целосно запрен. Ревизорите посочуваат дека повеќе од 40 години нема значајни инвестиции во инфраструктурата, што ги загрозува безбедноста и капацитетот на железничкиот сообраќај.

Недостигот од кадар е уште еден проблем. Од 1.314 систематизирани работни места пополнети се 718, односно 54 отсто. Дополнително, 30 отсто од вработените не ги исполнуваат посебните услови за степен или вид на образование предвидени со систематизацијата.

Ревизорите утврдиле и дека од 2020 година недостигот од кадар се надоместува со привремено распоредување на постојни вработени, наместо со постапки за вработување или унапредување. Од 96 вработени распоредени со времени решенија во 2024 година, 55 отсто не ги исполнувале посебните услови за работното место.

Во извештајот се наведени и неправилности во управувањето со залихите, при што 75 отсто од нив, во вредност од 250,7 милиони денари, се постари од 2019 година, а не била утврдена нивната нето-реализациска вредност.

Tags: железнициинфраструктураревизорски извештај
SummarizeShare234

Related Stories

Савески: Сите пет кандидати за шеф на ОЈО ГОКК се професионалци, кој и да биде избран нема да биде погрешен избор

Савески: Јавното обвинителство ја следи ситуацијата со „Алта банка“, засега е рано за конкретни чекори

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Јавното обвинителство засега нема конкретен одговор дали ќе отвори постапка или ќе преземе истражни дејствија во врска со случајот со „Алта банка“. Државниот јавен обвинител Ненад Савески вели...

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала прогласен за почесен граѓанин на Скопје

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Полскиот нуркач Бартоломиеј Питала, кој ја предводеше експедицијата за истражување на подводната пештера Врело во Матка, е прогласен за почесен граѓанин на Скопје. Одлуката беше донесена на денешната...

Филипче бара одговорност за случајот „Алта банка“: СДСМ ќе бара надзорна расправа и интерпелација за гувернерот Славески

Филипче: Владата на предлог на Димитриеска-Кочоска носела заклучоци за „Алта банка“

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, објави записник од седницата на Владата од 23 септември 2025 година, за кој тврди дека покажува оти министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска била...

Мицкоски: ЕУ-патот да се темели на критериуми, а не на билатерални спорови

Мицкоски: ЕУ-патот да се темели на критериуми, а не на билатерални спорови

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Европската Унија останува стратешка определба на Македонија, но процесот на проширување мора да се заснова на исполнување на критериумите и постигнатите резултати, а не на билатерални спорови. Ова...

Next Post
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.