AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Брвеница

Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 18, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Жителите на Општина Брвеница денеска на 18 октомври гласаат на предвремени избори за градоначалник. Во трката се шест кандидати, а право на глас имаат 16.256 избирачи. Гласањето се спроведува на 24 избирачки места, кои се отворени од 7 до 19 часот.

Предвремените избори се одржуваат по смртта на досегашниот градоначалник Јовица Илиевски, кој почина на 23 јуни 2026 година, на 58-годишна возраст. Во изминатите месеци функцијата вршител на должноста градоначалник ја извршуваше Роберт Милошески.

Во Избирачкиот список се запишани граѓани од десетте населени места во општината. Од вкупно 16.256 избирачи, 449 се евидентирани како лица на привремена работа во странство, додека деветмина се во затвор или во притвор.

За градоначалничката функција се натпреваруваат четворица кандидати предложени од политички коалиции и двајца независни кандидати:

  • Стојанчо Радически — кандидат на коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ;
  • Јовица Радески — кандидат на коалицијата предводена од СДСМ;
  • Душан Богдановски — независен кандидат;
  • Јакуп Усеини — кандидат на коалицијата ВРЕДИ;
  • Арифе Идризи — независна кандидатка;
  • Аркин Јахији — кандидат на Националната алијанса за интеграција (НАИ).[a1on]

Во предизборната кампања на кандидатите во фокусот беа локалните проблеми: патната инфраструктура, водоснабдувањето, канализацијата, состојбата со училиштата, комуналните услуги и можностите за младите.

Вонредни локални избори на 18 октомври во општина Брвеница

Ден пред изборите своето гласачко право го остварија болните и немоќните лица, како и избирачите што издржуваат затворска казна или се во притвор. Според податоците на Државната изборна комисија, од 88 пријавени болни и немоќни лица гласале 85.

Од деветте запишани избирачи во затвор или во притвор, гласале седуммина. Гласањето за нив се спроведувало во три казнено-поправни установи во Скопје, Штип и Тетово.[skopje1]

ДИК: Обезбедени се функционални фингерпринт-уреди и резервни апарати

Претседателот на ДИК, Бојан Маричиќ, вчера соопшти дека подготовките за изборите се завршени и дека е надминат проблемот со уредите за биометриска идентификација на гласачите. За денешното гласање се обезбедени 24 функционални уреди, како и резервни апарати.

Според Маричиќ, проблемите со системот се појавиле по истекувањето на договорот за негово одржување. ДИК, со претходна подготовка и одобрение од Бирото за јавни набавки, спровела постапка за да ја обезбеди функционалноста на уредите потребни за изборите.

За градоначалник во првиот круг се избира кандидатот што ќе добие повеќе од половината од гласовите на избирачите што гласале, под услов на изборите да излезе најмалку една третина од вкупниот број избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список. Ако не се постигне потребната излезност, се повторува целата изборна постапка.

Доколку е исполнет условот за излезност, но ниту еден кандидат не го освои потребното мнозинство, во втор круг одат двајцата кандидати со најмногу гласови. Вториот круг се одржува по две недели.

По затворањето на избирачките места во 19 часот следуваат пребројувањето на гласовите и објавувањето на првичните резултати. ДИК ќе ги објавува сукцесивно резултатите добиени по електронски пат, додека резултатите врз основа на записниците од Општинската изборна комисија треба да ги објави во рок од 12 часа по завршувањето на изборите.

Општинската изборна комисија има рок од седум часа по завршувањето на изборите да ги објави првичните резултати врз основа на податоците од избирачките одбори, да ги истакне на огласната табла во општината и да ги соопшти на јавните гласила. ДИК ги објавува конечните резултати веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа од денот на нивната конечност.

Tags: Брвеницавонредни избориградоначалник
SummarizeShare234

Related Stories

Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

Речиси 22 отсто од граѓаните под прагот за достоинствен живот, објави Платформата против сиромаштија 

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Речиси 22 отсто од граѓаните во Македонија живеат под линијата на сиромаштија, додека државата веќе шест години нема Национална стратегија за справување со проблемот, предупреди Македонската платформа против...

Изборниот законик во блокада – политичка битка за гласовите од дијаспората

Утре Брвеница избира градоначалник: Шест кандидати во трка на предвремените избори

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Жителите на Општина Брвеница утре, 18 октомври, ќе гласаат на предвремени локални избори за нов градоначалник. Избирачките места ќе бидат отворени во 7 часот, а гласањето ќе трае...

Запленети два тони небезбедна храна на пазарот во Ченто, поради нехигиенски услови

Забранет еден тон пилешки желудник пронајден во месарници во Охрид и Струга

by ДЕСК коректив.мк
October 17, 2026
0

Две месарници во Охрид и Струга се соочуваат со прекршочни санкции откако не ја почитувале забраната за увоз и употреба на пилешки желудник, соопшти Агенцијата за храна и...

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

Цената на струјата останува иста до крајот на годината, ќе има ли поскапување од јануари?

by ДЕСК коректив.мк
October 16, 2026
0

Домаќинствата до крајот на годината ќе продолжат да ја плаќаат електричната енергија по актуелните цени, но сè уште е неизвесно дали истото ќе важи и од 1 јануари....

Next Post
Судири, пожари и грабежи низ Франција за време на протестите: Уапсени 1.200 луѓе, повредени 150 полицајци

Судири, пожари и грабежи низ Франција за време на протестите: Уапсени 1.200 луѓе, повредени 150 полицајци

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.