Во светот бакарот поскапува, а понудата се намалува.Тон бакар денеска се тргуваше за 14.642,50 долари.
Во трката за бакар многу земји веќе прават залихи, а други поттикнуваат инвестиции во рудници.
Нова експлоатација на бакарен концентрат наскоро се очекува во Грција, Бугарија и во Романија. Неодамна и Турција засилено почна да потврдува наоѓалишта, а во земјата веќе почна да се ископува нов бакарен концентрат, со најава за производство од 40.000 тони бакар годишно.
Аргентина и Чиле прават нов чекор кон заеднички рударски проекти во Андите, со цел да привлечат милијарди долари инвестиции во бакарот и да им овозможат на компаниите полесно да ја користат инфраструктурата и ресурсите што се протегаат преку границата.
Двете држави го обновуваат и унапредуваат договорот за интеграција и дополнување на рударството од 1997 година, со што се отвора можноста за реализација на таканаречени бинационални рударски проекти.
Тие сакаат подобро искористување на ресурсите, поголема ефикасност и создавање услови за нови инвестиции во секторот.










