AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Урсула фон дер Лајен признава дека ЕЕС системот предизвикува проблеми на аеродромите и границите

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен / ФОТО: Европска комисија

Фон дер Лајен во петок во Скопје: ЕУ-интеграциите и реформите во фокусот на разговорите

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во петок, на 2 октомври, ќе пристигне во Скопје, во рамки на нејзината турнеја низ Западен Балкан. Во фокусот на посетата ќе бидат европскиот пат на Северна Македонија, следните чекори во процесот на пристапување кон Европската Унија и напредокот во спроведувањето на реформите.

Од Европската комисија најавија дека Фон дер Лајен за време на посетата ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и со премиерот Христијан Мицкоски.

Посетата на Скопје е дел од регионалната турнеја што ќе се одржи од 30 септември до 2 октомври, а во рамки на која претседателката на Европската комисија ќе ги посети Албанија, Косово, Црна Гора и Северна Македонија.

Европската перспектива и Планот за раст во центарот на разговорите

Според најавите од Брисел, разговорите со македонските власти ќе бидат насочени кон следните чекори на земјата на патот кон членство во ЕУ, како и кон напредокот во постепеното интегрирање на земјите од регионот во европските политики и економскиот простор.

Значајно место во агендата ќе има и Планот за раст за Западен Балкан, преку кој Европската Унија настојува да го забрза економскиот развој на регионот и да ги приближи земјите кандидатки до единствениот европски пазар. Во рамки на посетата, Фон дер Лајен ќе посети и проекти финансирани од ЕУ.

Турнејата доаѓа во период кога европската интеграција на Северна Македонија останува отворено прашање, а напредокот во пристапниот процес е поврзан со исполнувањето на преземените обврски и спроведувањето на реформите.

Една од клучните пречки за отворање на преговорите по кластери останува уставната измена со која треба да бидат внесени Бугарите во Уставот. За нејзино усвојување е потребно двотретинско мнозинство во Собранието.

Прашањето за деблокирање на евроинтеграциите и можностите за напредок во односите со Брисел се очекува да бидат меѓу темите на средбите со највисоките државни претставници.

Ова ќе биде шеста година по ред како Фон дер Лајен го посетува Западен Балкан. Од Европската комисија порачуваат дека Унијата нема да биде комплетна без земјите од регионот, нагласувајќи ја важноста на нивната европска интеграција.

Турнејата ќе ја започне на 30 септември во Тирана, каде што ќе се сретне со претседателот Бајрам Бегај и премиерот Еди Рама. На 1 октомври ќе престојува во Приштина, а потоа ќе замине за Подгорица, каде што ќе има средби со црногорските државни претставници.

Посетите на Србија и Босна и Херцеговина се одложени за подоцнежен период поради претстојните избори во двете земји.

На 2 октомври, со посетата на Скопје, ќе заврши регионалната турнеја на претседателката на Европската комисија.

Tags: Гордана Сиљановска ДавковаЕвропска комисијаЕУ интеграциипосетаУрсулаУрсула фон дер ЛајенХристијан Мицкоски
SummarizeShare234

Related Stories

Жените со само 16 од 58 раководни позиции што ги именува Собранието

Жените со само 16 од 58 раководни позиции што ги именува Собранието

by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
0

Само 16 жени се меѓу вкупно 58 лица именувани на раководни позиции од страна на Собранието, покажуваат податоците од ДЗР за застапеноста на жените на функциите за кои...

Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

by ДЕСК коректив.мк
September 29, 2026
0

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини годинава е најтранспарентно меѓу министерствата, додека финансиските информации и натаму се меѓу најмалку достапните за јавноста. Ова го покажуваат најновите податоци...

Нова жртва од Западнонилска треска во земјава – Пациентот поминал 38 дена во болница пред да почине

Десетта жртва од западнонилска треска во Македонија

by ДЕСК коректив.мк
September 28, 2026
0

На Клиниката за инфективни болести во текот на викендот почина 70-годишен пациент од скопската населба Аеродром, со што бројот на жртви од западнонилска треска се искачи на десет....

Продолжува намалениот ДДВ за дизелот – мерката ќе важи до 12 октомври

Продолжува намалениот ДДВ за дизелот – мерката ќе важи до 12 октомври

by ДЕСК коректив.мк
September 28, 2026
0

Владата ја продолжува мерката со која данокот на додадена вредност за дизел-горивото се намалува од 18 на 10 проценти. Мерката ќе важи до 12 октомври, соопшти министерката за...

Next Post
Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

Министерството за енергетика најтранспарентно, финансиските институции најмалку отворени

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.