На денешен ден, пред 17 години се случи една од најтешките трагедии на Охридското Езеро – потонувањето на бродот „Илинден“, во кое животот го загубија 15 бугарски туристи.
На 5 септември 2009 година, околу 10:30 часот, дојде до потонување на „Илинден“, кој превезувал 57 патници на релацијата Охрид – манастир „Свети Наум“. Бродот се преврте и потона на околу 250 метри од брегот, во близина на автокампот „Елешец“.
Во несреќата загинаа туристи од општините Антон, Пирдоп, Златица, Мирково и Рибарица во Бугарија.
По трагедијата, бродот беше извлечен од водите на езерото на 19 септември 2009 година. Потоа беше одвлечен до каналот Студенчишта, каде што се наоѓа и денес – како нем сведок на трагичниот настан што засекогаш остави трага во историјата на Охридското Езеро.








