Најмладиот милионер во државата е четиригодишно дете кое минатата година добило 3,1 милион денари од дивиденда, додека највозрасниот е 97-годишен пензионер со вкупен приход од 1,089 милиони денари од пензија и дивиденда. Ова го покажуваат податоците на Управата за јавни приходи (УЈП) за 2025 година.
Според податоците, пензионерот 59 отсто од приходите ги остварил од пензијата, а остатокот од дивиденда.
Најголем вкупен приход во 2025 година пријавил жител на Гевгелија, кој заработил 257,5 милиони денари од плата, дивиденда и други исплати од една компанија. На второ место е жител на Охрид со 254,4 милиони денари.
Највисоката дивиденда исплатена минатата година изнесувала 252,6 милиони денари, највисоката годишна бруто-плата достигнала 139,1 милион денари, а најголемиот приход од самостојна дејност изнесувал 157,9 милиони денари.
Директорката на УЈП, Елена Петрова, информираше дека во 2025 година биле поднесени 863.100 даночни пријави од граѓани, што е за 10,6 отсто повеќе во споредба со 2024 година.
Најмногу пријави биле поднесени во Скопје, по што следуваат Штип, Прилеп, Битола, Тетово и Струмица.








