AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result

Ајла Тракуер и Сем Вакнин - илустрација

Комората на психолози се огради од Сем Вакнин: Не е наш член и немаме надлежност над неговото дејствување

Петар Клинчарски by Петар Клинчарски
October 17, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Комората на психолози се огласи по објавувањето на сведоштвата на повеќе жени против Сем Вакнин, кои го обвинуваат за сексуално и психолошко злоупотребување, како и за лажно претставување како психотерапевт. За случајот во македонската јавност прв објави Коректив.мк, пренесувајќи детали од меѓународниот документарец „Сценариото на нарцисот“ и од серијата истражувачки поткасти посветени на Вакнин.

Во реакцијата, Комората се оградува од Вакнин и нагласува дека тој не е дел од професионалното тело што ги претставува и ги регулира психолозите во земјава.

„По објавувањето на документарниот филм „Сценариото на нарцисот“ со сериозни сведоштва за емоционална злоупотреба, Комората на психолози упатува јавно соопштение до граѓаните. Сакаме да истакнеме дека лицето Сем Вакнин не е член на нашата Комора, поради што институцијата нема надлежност над неговото дејствување. Апелираме до сите граѓани кои имаат потреба од грижа за своето ментално здравје, помошта да ја бараат исклучиво од лиценцирани психолози и психотерапевти. Пред да започнете каков било процес, секогаш проверувајте дали стручното лице поседува важечка лиценца за работа издадена од Комората, со цел да си обезбедите безбедна и професионална поддршка. Изразуваме длабоко сочуство и солидарност кон жртвите на било каква психичка злоупотреба во ваков и сличен контекст“, пишува во соопштението.

Ставот на Комората следува откако Коректив.мк прв ја отвори темата во македонската јавност, објавувајќи опсежно истражување за сериозните обвинувања против Вакнин, долгогодишен жител на Скопје и поранешен економски советник поврзуван со владите предводени од Никола Груевски. Истражувањето на Коректив.мк се темелеше врз документарниот филм „Сценариото на нарцисот“, серија од 20 епизоди на истражувачкиот поткаст „Раскажувачот: Сценариото на нарцисот“, како и врз разговор со британската истражувачка новинарка Ајла Тракуер.

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Реакцијата на Комората е значајна бидејќи, според Законот за вршење психолошка дејност, психолозите што вршат психолошка дејност во земјава задолжително се зачленуваат во Комората. Таа ги издава, обновува и одзема лиценците, води регистри и врши надзор над приватната психолошка дејност и почитувањето на професионалната етика.

Истовремено, соопштението на Комората не претставува произнесување за вистинитоста на обвинувањата изнесени во документарецот и поткастите. Институцијата единствено соопштува дека Вакнин не е нејзин член и дека поради тоа нема надлежност да постапува во однос на неговото дејствување.

Обвинувања од повеќе жени

Во истражувањето на Коректив.мк беше објавено дека повеќе жени го обвинуваат Вакнин за сексуално насилство и злоупотреба, деградирачки сексуални практики, лажно претставување како психотерапевт и злоупотреба на нивната ранливост. Дел од жените тврдат и дека тој им пренел хуман папилома вирус и дека ги поттикнувал кон самоубиство. Станува збор за обвинувања изнесени од жените и од авторите на документарното истражување, кои Вакнин категорично ги негира.

Една жена од Русија во поткастот тврди дека во текот на повеќе години му исплатила околу 500.000 евра за сеанси, патувања, авионски билети, хотелско сместување и други трошоци. Таа вели дека верувала оти Вакнин е доктор по медицина и психотерапевт и дека му го доверила и здравјето на своето дете.

Според нејзиното сведоштво, Вакнин врз неа применувал практики што ги претставувал како дел од таканаречената „ладна терапија“. Жената тврди дека наместо терапија, станувало збор за процес на постепена психолошка контрола, повторно трауматизирање и сексуално понижување.

Британската новинарка Ајла Тракуер, која две години ги истражувала неговата работа и сведоштвата на жените, за Коректив.мк изјави дека Вакнин воспоставувал контакт со ранливи жени преку својот канал на „Јутјуб“, социјалните мрежи и семинарите посветени на нарцисистичкото злоставување. Според Тракуер, жените му доверувале детали за претходни трауми верувајќи дека разговараат со стручно лице, а потоа биле изложувани на практики што тој ги претставувал како терапевтски.

Во документарецот се наведува дека три жени се обратиле во полициски станици во три европски држави. Тракуер подоцна за Коректив.мк изјави дека лично поседува две полициски пријави поднесени во две различни држави. Во јавно достапните материјали не е наведено дека против Вакнин е поднесено обвинение или дека е донесена судска пресуда во врска со овие наводи.

Интервјуто во Скопје

Тракуер допатувала во Скопје за да го интервјуира Вакнин и директно да го соочи со обвинувањата. Во интервјуто, откако му биле поставени прашања за сведоштвата на жените, Вакнин станал, го извадил микрофонот и го прекинал разговорот, образложувајќи дека неговиот приватен живот е негова работа.

Новинарката му посочила дека прашањата не се однесуваат само на неговиот приватен живот, туку на наводни постапки поврзани со неговиот професионален ангажман и односот со жени што го сметале за терапевт. Тракуер подоцна изјави дека Вакнин добил можност да одговори и директно да ги негира обвинувањата, но дека го напуштил интервјуто.

Спорни квалификации

Во документарецот и поткастите се оспоруваат и дел од академските и професионалните квалификации со кои Вакнин се претставувал во јавноста. Според истражувањето, Јужниот федерален универзитет во Ростов на Дон ја информирал Тракуер дека Вакнин не бил професор на универзитетот, туку дека во 2017 година одржал неколку неплатени предавања за студенти.

Во Македонија, Вакнин во 2024 година бил претставен како визитинг-професор на Универзитетот на Југоисточна Европа, каде што било најавено дека ќе предава предмети од областа на психологијата и економијата.

По прашањата испратени од Коректив.мк, од Универзитетот одговорија дека Вакнин повеќе нема активен ангажман. Тој бил ангажиран про боно само еден семестар, од септември до декември 2024 година, и предавал воведен предмет од областа на теоретската психологија на англиски јазик.

Од Универзитетот нагласија дека Вакнин не доставил документи и не се претставил пред нив како доктор по медицина, ниту бил ангажиран или признаен како лиценциран психолог, психотерапевт или клинички практичар. Според институционалната евиденција, за време на неговиот едносеместрален ангажман не биле регистрирани поплаки за неговото однесување, а по добивањето на новинарските прашања Универзитетот ја отстранил објавата во која Вакнин бил претставен како дел од надворешниот наставен кадар.

Вакнин ги негира наводите

Коректив.мк му испрати серија прашања на Вакнин и го објави неговиот став. Тој ги отфрла обвинувањата и документарецот и поткастот ги нарекува злонамерна кампања за оцрнување, исполнета со невистини и клеветнички напади.

Вакнин тврди дека „ладната терапија“ е исклучиво вербална и дека забранува каков било физички контакт со клиентот. Според него, дел од снимките употребени во документарецот прикажуваат јавни настани и играње улоги, а неговите изјави биле извадени од контекст и погрешно претставени.

Тој ги оспорува и сведоштвата на жените, тврдејќи дека станува збор за организирана кампања поврзана со негов поранешен деловен партнер. Вакнин наведува и дека органите на прогонот во повеќе држави не нашле основа за постапување, како и дека презема правни чекори против авторите на документарецот и поткастот.

Тракуер ги отфрла овие тврдења и вели дека не била деловно поврзана со лицата што Вакнин ги посочува како организатори на кампањата. Таа тврди дека со нив стапила во контакт исклучиво во рамките на новинарското истражување и дека, освен закани и притисоци, досега не е поведена правна постапка против неа или авторите на документарецот.

Со последното соопштение, Комората на психолози сега јасно се дистанцира од Вакнин, нагласувајќи дека тој не е нејзин член и дека таа нема надлежност над неговото дејствување. Сепак, остануваат отворени прашањата дали и врз која правна основа тој нудел платени консултации, како се претставувал пред клиентите и кои домашни институции се надлежни да проверат дали со таквото дејствување биле прекршени законите во Македонија.

 

Tags: Ајла ТракуержениКомора на психолозиСем Вакнинсилување
SummarizeShare234

Related Stories

Наместо во државниот буџет, парите од регистрација на возила ги ставил в џеб – кривична за сопственик на фирма

Наместо во државниот буџет, парите од регистрација на возила ги ставил в џеб – кривична за сопственик на фирма

by ДЕСК коректив.мк
October 16, 2026
0

Скопјанец на возраст од 47 години е осомничен дека присвоил 6,8 милиони денари од надоместоци наплатени при регистрација на возила, со што го оштетил државниот буџет. Единицата за...

Приведен 27-годишен мотоциклист од Гостивар, возел 188 км/ч на ограничување од 80

Приведен 27-годишен мотоциклист од Гостивар, возел 188 км/ч на ограничување од 80

by ДЕСК коректив.мк
October 16, 2026
0

Дваесет и седумгодишен жител на Гостивар е лишен од слобода откако бил фатен како управува мотоцикл „Јамаха“ со брзина од 188 километри на час на автопатот Гостивар -...

Ученици од Скопје нападнати во Охрид додека шетале со професорите

Ученици од Скопје нападнати во Охрид додека шетале со професорите

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Неколку ученици од Скопје биле физички нападнати од група луѓе во Охрид, додека се движеле по улица заедно со своите професори. Според информациите од СВР Охрид, случајот бил...

Полицаец фалсификувал потврди за крводарување за да искористи шест дена платено отсуство

Полицаец фалсификувал потврди за крводарување за да искористи шест дена платено отсуство

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Кривична пријава е поднесена против полициски службеник вработен во Одделот за заштита на определени личности и објекти при Министерството за внатрешни работи, поради сомнение дека фалсификувал потврди за...

Next Post
Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Брвеница избира градоначалник на вонредни избори

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.