Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека рускиот воздушен простор би можел да стане небезбеден поради зголемените украински напади со дронови.
„Рускиот воздушен простор фактички ќе се затвора. Ќе има дронови на небото над Русија во размери со кои ќе мора да се соочат“, порача Зеленски.
Неговата изјава следува по серијата руски ракетни напади врз Киев и околниот регион.
Зеленски ги предупреди авиокомпаниите и осигурителните компании дека летовите над Русија стануваат сè понебезбедни, особено околу Москва и Санкт Петербург.
Украина во последниот период ги засили нападите врз руска територија, при што цели се рафинерии, пристаништа и логистички објекти.
Сепак, Зеленски посочи дека Киев е подготвен на привремено ограничување на нападите во одредени области доколку тоа го побараат сојузниците и доколку е потребно за мировните преговори.
Осврнувајќи се на неговата изјава пак, рускиот претседател Владимир Путин рече дека таквата изјава на Зеленски претставува тероризам.
„Бараат да преговараме. Но гледате, тоа се терористи, а со терористи не преговараме“, рече Путин.










