AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Демократски пресврт во Вашингтон: Трамп останува без контрола врз двата дома на Конгресот

Демократски пресврт во Вашингтон: Трамп останува без контрола врз двата дома на Конгресот

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Демократската партија оствари голема победа на среднорочните избори во САД, освојувајќи мнозинство и во Сенатот и во Претставничкиот дом, со што Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ја губи контролата врз законодавната власт во Вашингтон. Резултатите претставуваат сериозен политички удар за Трамп, кој во последните две години имаше поддршка од републиканското мнозинство во двата дома на Конгресот.

Демократите остварија победи и во сојузни држави кои традиционално важат за републикански упоришта, меѓу кои Тексас, Канзас, Ајова и Јужна Каролина. Според прелиминарните резултати, демократите освоиле 53 места во Сенатот, наспроти 42 за републиканците, додека во Претставничкиот дом водат со 220 освоени места, наспроти 127 на нивните политички противници.

Особено значајни се резултатите во држави во кои Трамп имаше убедлива поддршка на претседателските избори во 2024 година.

Во Канзас, Адам Хамилтон стана првиот демократски сенатор од оваа држава по речиси еден век, односно од времето на Големата депресија.

Во Тексас, демократот Џејмс Таларико го победи републиканскиот кандидат Кен Пакстон, додека во Охајо Шерод Браун повторно освои сенаторско место.

Изборниот резултат се толкува како израз на незадоволството на гласачите од досегашното управување на Трамп, особено во однос на економијата, растот на трошоците за живот и војната со Иран, која придонесе за нагло зголемување на цените на горивата.

Лидерот на демократите во Сенатот, Чак Шумер, ја поздрави победата и порача дека резултатот отвора ново поглавје во американската политика.

„Американците гласаа за промени, а сега демократите мора да ги испорачаат“, изјави Шумер, оценувајќи дека изборните резултати значително ќе ја променат политичката слика во земјата.

Од друга страна, Трамп во телефонска изјава за „Фокс њуз“ призна дека е изненаден од резултатите, иако не ја криеше намерата да продолжи со својата политичка агенда.

„Имавме огромни митинзи. Малку сум изненаден“, изјави американскиот претседател, кој им честиташе на демократите за победата и рече дека постојат области во кои двете партии би можеле да соработуваат.

Тој, сепак, најави дека ќе го користи претседателското право на вето доколку Конгресот усвои закони што ги смета за неприфатливи. По објавувањето на резултатите, на социјалната мрежа Трут соушл објави фотографија од црвен качкет со натпис „Вето“.

Освојувањето на мнозинството во двата дома им дава на демократите значително поголема моќ да ја контролираат работата на администрацијата на Трамп. Од јануари, кога новоизбраните конгресмени и сенатори ќе ги преземат функциите, тие ќе можат да покренуваат истраги за работењето на претседателот, неговото семејство и соработниците, да го засилат надзорот врз извршната власт и да блокираат дел од неговите кадровски номинации.

Демократите најавија дека меѓу приоритетите ќе им бидат намалувањето на трошоците за домување и здравствена заштита, како и заштитата на пензискиот систем.

Сепак, победата не значи дека демократите ќе можат самостојно да ја спроведуваат целата своја политичка програма. Трамп и натаму располага со претседателското право на вето, кое може да го искористи за блокирање на законите што ќе поминат низ Конгресот. За надминување на претседателското вето е потребно двотретинско мнозинство во двата дома.

По две години во кои републиканците ги контролираа Белата куќа, Сенатот и Претставничкиот дом, Вашингтон влегува во нов период на поделена власт. Изборниот пораз дополнително ја ослабува политичката позиција на Трамп во последните две години од неговиот мандат.

Tags: ветоДемократиДоналд ТрампизбориКонгресмандатПоразпретседателПретставнички домрепубликанциСенат
SummarizeShare234

Related Stories

Сопственикот на Алта банка во притвор еден месец, осомничен е за извлекување 45 милијарди динари од трезорот

Сопственикот на Алта банка во притвор еден месец, осомничен е за извлекување 45 милијарди динари од трезорот

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Вишиот суд во Белград му одреди притвор до 30 дена на Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, кој е осомничен дека од трезорот на банката незаконски изнел околу...

Заканите со бомби предизвикаа тревога на аеродромите низ Европа

Заканите со бомби предизвикаа тревога на аеродромите низ Европа

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Закани со бомби во авиони денеска предизвикаа безбедносни проверки, привремено затворање на аеродром и пренасочување на летови низ Европа. Во шпанскиот град Мурсија, властите вршат проверка на авион...

Американците избираат нов Конгрес, Трамп се соочува со сериозен тест поради падот на поддршката

Американците избираат нов Конгрес, Трамп се соочува со сериозен тест поради падот на поддршката

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Американските гласачи денеска излегуваат на среднорочни избори на кои ќе се одлучува дали Републиканската партија на претседателот Доналд Трамп ќе ја задржи контролата врз двата дома на Конгресот...

„Форбс“: Колку пари имаа граѓаните и фирмите во Алта банка

„Алта банка“ на Давор Мацура му дала кредит од 12 милиони евра на бизнисмен обвинет за обид за убиство

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

„Алта банка“, која е во 100 отсто сопственост на бизнисменот Давор Мацура, чиј бизнис подем се совпадна со доаѓањето на власт на СНС, одобрила заем од дури 12...

Next Post
Претседателката побара Брисел да преземе иницијатива за деблокада на евроинтеграциите: „Не може политичка волја да се бара само од нас“

Претседателката побара Брисел да преземе иницијатива за деблокада на евроинтеграциите: „Не може политичка волја да се бара само од нас“

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.