AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Европската Унија повторно ја потврди својата посветеност на членството на земјите од Западен Балкан, но порача дека напредокот кон Унијата ќе зависи од спроведувањето кредибилни реформи, владеењето на правото и исполнувањето на преземените обврски.

Ова е наведено во Бриселската декларација усвоена на самитот ЕУ–Западен Балкан, одржан на 25 ноември во Брисел. Во документот се нагласува дека иднината на регионот е во Европската Унија и дека проширувањето претставува реална можност што треба да се искористи.

Посебно се нагласува потребата од добрососедски односи и спроведување на меѓународните договори, меѓу кои и Преспанскиот договор со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во декларацијата се бараат и конечни, инклузивни и обврзувачки решенија за билатералните спорови во регионот.

За Македонија, ова значи дека европската перспектива повторно е потврдена, но прашањата поврзани со добрососедските односи и билатералните договори остануваат дел од европскиот контекст на проширувањето.

На самитот беше истакната и потребата од забрзување на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата, независноста на медиумите и заштитата на основните права. ЕУ порача дека напредокот ќе се оценува според реалните резултати и исполнувањето на критериумите, а не само според политичките заложби.

Декларацијата предвидува и продолжување на постепеното економско приближување на регионот кон единствениот европски пазар, вклучително и проширување на роаминг-зоната, олеснување на плаќањата и подобрување на граничните премини. Планот за раст за Западен Балкан, вреден до шест милијарди евра, останува важен инструмент за поддршка на реформите и инвестициите.

На состанокот беше отворено и прашањето за усогласувањето со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, како и соработката во справувањето со миграцијата, организираниот криминал и корупцијата.

Сите присутни партнери од Западен Балкан ја усогласија декларацијата, со исклучок на Србија. ЕУ, сепак, во документот ја повтори пораката дека членството на регионот е заедничка стратешка цел, но дека патот до него бара конкретни и мерливи резултати.

Tags: билатерален спорбугаријадоговорЕУЗападен БалканМакедонијаперспективачленство
SummarizeShare234

Related Stories

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Кога културата е достапна за сите, таа станува дел од секојдневието и создава моменти што обединуваат. Токму со таа идеја, Mozzart продолжува да поддржува театарски содржини и да...

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Повеќе од 40 локации во Скопје во моментов се користат за чување податоци и сервери на државните институции, а ваквата распределеност ја прави инфраструктурата ранлива на технички дефекти...

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

За владата киријата не е дел од реалните трошоци за живот на просечното четиричлено семејство, бидејќи над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови. Вакво образложение даде...

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е првиот функционер што се најде на т.н. „ѕид на срамот“ на Мрежата за заштита од дискриминација, откако граѓанските организации јавно го прозваа...

Next Post
И Црквата со осуда за фемицидот: МПЦ-ОА бара поголема едукација на свештениците за препознавање и спречување насилство

И Црквата со осуда за фемицидот: МПЦ-ОА бара поголема едукација на свештениците за препознавање и спречување насилство

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.