Силен ветер го урна стаклениот ѕид на Матичното во центарот на Битола, при што има повредени лица, објави локалниот портал „Апла“.
Според информациите, на местото интервенирала Итната медицинска помош од Битола, а порталот „4Њуз“ објави дека повредени се две девојчиња.
По денешниот ветер во еден дел од градот има и опасност од откорнат кров на зграда, пренесува „Апла“.









