Германските власти идентификуваа двајца осомничени во врска со обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг на почетокот на минатиот месец, но веројатно нема да можат да ги уапсат, објави денеска весникот „Зидојче цајтунг“.
Весникот наведува дека истрагата за двајцата мажи, едниот летониски државјанин роден во Русија, а другиот руски државјанин од Белорусија, ги потврдила тврдењата на германската Влада дека зад инцидентот стои Москва.
Ноќта помеѓу 4 и 5 август на аеродромот Лајпциг во близина на украински товарен авион „Антонов“, што се користи за транспорт на муниција за Украина, беше пронајден дрон на кој бил прикачен „моќен експлозив“, кој не се активирал поради неисправен детонарот.
Истата ноќ на аеродромот друг дрон се судри со авион на компанијата Де-Ха-Ел, кој при тоа претрпе помала штета.
Десет дена подоцна на поле во близина на аеродромот беше пронајден уште еден дрон со експлозив.









