AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Бура од реакции во јавноста по величењето на Ратко Младиќ

Ратко Младиќ

Погребан Ратко Младиќ, Вучиќ не присуствуваше на погребот во Белград

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 7, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Денеска во Белград илјадници луѓе присуствуваа на погребот на Ратко Младиќ, осудениот генерал, кој почина на 27 август на 84-годишна возраст додека  издржуваше доживотна затворска казна во Хаг за геноцид и воени злосторства.

Телото на поранешниот командант на Војската на Република Српска беше изложено во црквата „Свети Лука“ во белградската населба Видиковац, каде што граѓани пристигнуваа уште од раните утрински часови. Пред црквата се формираа километарски редици, а дел од присутните носеа српски знамиња, фотографии на Младиќ и маици со негови ликови.

Официјално Србија не прогласи државен погреб, откако претходно најавената можност за таква церемонија предизвика остри реакции од ЕУ и од регионот.

Но, начинот на кој беше организирано испраќањето имаше низа елементи на државна и воена церемонија: Телото беше донесено од Хаг со авион на српската влада, ковчегот беше пренесен од војници, беше покриен со српско знаме, а на самиот погреб имаше воена почест, почесна стража и церемонијален поздрав.

Ратко Младиќ денеска ќе биде погребан во Белград, погребот предизвика остри реакции

Погребната служба во црквата ја водеше српскиот патријарх Порфириј, а Младиќ беше погребан на Топчидерските гробишта, покрај неговата ќерка Ана.

На испраќањето беа присутни повеќе актуелни членови на српската влада. Меѓу нив беа министерот за одбрана Братислав Гашиќ, министерот за правда Ненад Вујиќ, министерот без ресор Ненад Поповиќ, министерот за култура Никола Селаковиќ и министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ. Други извештаи го наведуваат и министерот за труд Милица Ѓурѓевиќ Стаменковски.

На погребот беа и претседателот на Република Српска Синиша Каран, премиерот Сава Миниќ, претседателот на Народното собрание на РС, Ненад Стевандиќ, Милорад Додик и членката на Претседателството на БиХ, Жељка Цвијановиќ. Присуствуваше и рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко.

Претседателот на Србија Александар Вучиќ не присуствуваше. Тој претходно изјави дека нема да биде дел од погребот, повикувајќи се на однапред договорена средба со узбекистанскиот претседател Шавкат Мирзијоев.

Бура од реакции во јавноста по величењето на Ратко Младиќ

Вучиќ, сепак, беше меѓу српските функционери кои жестоко го критикуваа Хашкиот трибунал по смртта на Младиќ, а државата му обезбеди транспорт на телото и логистичка поддршка. Така се создаде необична ситуација во која Белград официјално избегнува да го нарече настанот државен погреб, но државниот апарат во значителна мера учествуваше во неговото организирање.

Младиќ беше еден од главните команданти на босанските Срби во војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година.

Во 2017 година Хашкиот трибунал го осуди на доживотен затвор за геноцид, злосторства против човештвото и воени злосторства, а пресудата беше потврдена во 2021 година.

Судот го прогласи за одговорен за геноцидот во Сребреница во јули 1995 година, кога беа убиени околу 8.000 бошњачки мажи и момчиња, како и за неговата улога во 43-месечната опсада на Сараево, во која загинаа околу 10.000 луѓе.

Tags: БелградпогребРатко Младиќ
SummarizeShare234

Related Stories

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Уапсени уште тројца од „Алта банка“ – со фиктивни уплатници „наталожиле“ над 300 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Вишиот суд во Белград ѝ одреди 30-дневен притвор на директорката на компанијата „Алта груп“, Т. Б., додека вработената во благајната на „Алта банка“, Ј. П., ќе биде во...

Зеленски го обвини Трамп за недоволна поддршка

Зеленски го обвини Трамп за недоволна поддршка

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази незадоволство од американската поддршка, обвинувајќи ја администрацијата на Доналд Трамп дека не врши доволно силен притисок врз Русија за прекин на војната, додека...

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

Норвешка ги проверува списоците на членови на верските заедници и здруженија

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Норвешка ќе испрати електронски пораки или текстуални пораки до милиони свои граѓани за да провери дали се членови на верски заедници, по низа случаи во кои одредени верски...

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

Маск најави подарок од речиси 18 милијарди долари: Секое дете во САД ќе добие по две акции на „Спејс Икс“

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Американскиот милијардер Илон Маск најави дека секое дете во САД ќе добие по две акции од неговата компанија „Спејс Икс“ - една што ќе ја донира компанијата и...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.