AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Одговорното обложување во фокусот на првата конференција на Mozzart во Србија одржана во рамките на Европската недела на одговорно играње, на која присуствуваа и претставници од Македонија

Дел од атмосферата на првата конференција на Моцарт во Србија

Одговорното обложување во фокусот на првата конференција на Mozzart во Србија одржана во рамките на Европската недела на одговорно играње, на која присуствуваа и претставници од Македонија

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Србија ја доби својата прва конференција посветена на одговорното обложување, организирана во рамките на Европската недела на одговорно играње, иницијатива на Европската асоцијација за игри на среќа и обложување (EGBA).

Моменти од конференцијата на Моцарт во Србија

Конференцијата, организирана од компанијата Mozzart, ги собра претставниците на регулаторните институции, индустријата за игри на среќа, стручната и академската јавност, како и претставници од сите пазари на кои компанијата е присутна, вклучувајќи ги Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска, со заедничка цел – унапредување на заштитата на играчите и развој на одговорен и одржлив пазар.

Лого на првата конренција за одговорно обложување

Како да се препознае ризичното однесување, на кој начин да се унапредат механизмите за заштита на играчите, како да се спречи нелегалното приредување игри на среќа и зошто одговорноста мора да биде составен дел од деловната култура – беа дел од клучните прашања на конференцијата за одговорно обложување.

Конференцијата ја отвори Зоран Гашиќ, директор на Управата за игри на среќа, кој во своето обраќање ја истакна важноста на соработката меѓу регулаторните институции и индустријата во создавањето сигурен и уреден пазар.

„Многу е важно да се подигнува свеста за сите видови зависности, а токму затоа е организирана и оваа конференција. Добар пример за тоа е поддршката на компанијата Mozzart за проектот „И еден е многу“, преку кој здружението СПИС и експерти од Специјалната болница разговараат со младите и укажуваат на можните ризици од коцкање. Проектот трае веќе извесно време, исклучително е добар и би сакал да се реализира уште почесто. Индустријата за игри на среќа не може да расте и да биде одржлива без одговорност од страна на приредувачите, а тие покажуваат дека ги препознаваат ризиците и преземаат дел од одговорноста. Потребна е едукација за да го препознаеме ризикот кај играчите и да знаеме кога играта престанува да биде забава и може да прерасне во проблем. Угледот на една компанија се гради и преку општествено одговорното однесување во секој сегмент од работењето“, истакна Гашиќ.

Воведно обраќање имаше и Ксенија Шулубуриќ, менаџерка за одговорно и одржливо работење во Mozzart, која нагласи дека целта на конференцијата е преку отворен дијалог меѓу институциите, стручната јавност и индустријата да придонесе за унапредување на стандардите за одговорно обложување и заштита на играчите.

„Особено ни е драго што компанијата Mozzart ја иницираше организацијата на ваков настан во Србија, во рамките на Европската недела на одговорно обложување. Веруваме дека одговорноста не е само прашање на почитување на прописите, туку пред сè навремено препознавање на ризиците, ефикасна заштита и превенција. Заштитата на играчите мора да биде заеднички приоритет на сите учесници на пазарот, а наша желба е оваа конференција да поттикне конкретна соработка и мерки што ќе го претворат одговорното обложување во секојдневна практика“, порача Шулубуриќ.

Излагање во рамки на првата конференција организирана од Моцарт

Во текот на конференцијата беа одржани три тематски панели преку кои учесниците го разгледуваа одговорното обложување од регулаторна, технолошка, здравствена и деловна перспектива. Првиот панел беше посветен на препознавањето на ризиците и ефикасните механизми за заштита на играчите. Посебен акцент беше ставен на превенцијата, едукацијата на младите, анализата на податоци за однесувањето на играчите и примената на европскиот стандард EN 18144, кој претставува важен чекор кон посистематско препознавање на ризичните модели на играње.

Дел од дебатата во рамки на конференцијата

За важноста на раната интервенција и едукација се зборуваше и преку проектот „И еден е многу“, кој компанијата Mozzart го спроведува во соработка со здружението СПИС и стручни институции. Преку едукативни работилници наменети за младите, проектот има цел да ја подигне свеста за ризиците што можат да ги носат игрите на среќа и да поттикне одговорен однос кон играњето.

Вториот панел го отвори прашањето за заштита на играчите кои користат нелегални платформи за обложување. Учесниците укажаа на ризиците што ги носат ваквите канали, особено кога станува збор за заштита на личните податоци, транспарентноста на условите за играње, можностите за решавање спорови и недостатокот на соодветни механизми за одговорно играње. Се разговараше и за улогата на современите технологии во идентификацијата и ограничувањето на пристапот до нелегалните интернет-платформи, како и за потребата од подобра координација меѓу регулаторните институции, телекомуникациските оператори, финансискиот сектор и легалните приредувачи.

Дел од разговорите за време на конференцијата

Беше заклучено дека ефикасната борба против нелегалниот пазар бара паралелно унапредување на регулаторните, технолошките и институционалните механизми. Третиот панел беше посветен на одговорното обложување како дел од деловната култура, етиката и општествената одговорност на компаниите. Од перспектива на здравствениот сектор и бизнис-заедницата, учесниците разговараа за раните показатели за развој на проблематично играње, важноста на превентивната едукација, соработката меѓу здравствените установи и индустријата, како и за начините за мерење на реалните резултати од превентивните програми.

Посебно беше нагласено дека одговорното работење не подразбира само почитување на законските прописи, туку и подготвеност на компаниите постојано да ги унапредуваат своите практики, транспарентноста и механизмите за заштита на корисниците.

Завршниот дел од конференцијата беше посветен на презентација на резултатите од истражувањето спроведено од Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“, со поддршка на компанијата Mozzart и во соработка со агенцијата Ninamedia. Резултатите ги презентираше проф. д-р Милош Бешиќ, посочувајќи дека на развојот на ризичното однесување во игрите на среќа влијаат бројни фактори и дека овој проблем не може да се посматра исклучиво низ призмата на достапноста на игрите на среќа.

Истражувањето, меѓу другото, покажало дека процентот на испитаници кои себеси се доживуваат како лица изложени на ризик е релативно мал, што обезбедува дополнителен увид во перцепцијата на овој феномен во општеството и ја нагласува важноста од понатамошни истражувања, едукација и превентивно дејствување.

Конференцијата уште еднаш потврди дека одговорното обложување не е исклучиво прашање на законска регулатива, туку заедничка одговорност на институциите, индустријата и општеството. Навременото препознавање на ризиците, достапноста на механизмите за заштита, континуираната едукација и соработката меѓу различните чинители претставуваат клучни предуслови за изградба на побезбеден и поодржлив пазар на игри на среќа.

Сегменти од конференцијата на Моцарт

ПР ТЕКСТ

Tags: игри на среќаконференцијаМоцартодговорно обложување
SummarizeShare234

Related Stories

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

Mozzart ја заокружува годината со четвртата претстава „Аматери“ – уште една театарска приказна достапна за сите

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Кога културата е достапна за сите, таа станува дел од секојдневието и создава моменти што обединуваат. Токму со таа идеја, Mozzart продолжува да поддржува театарски содржини и да...

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Повеќе од 40 локации во Скопје во моментов се користат за чување податоци и сервери на државните институции, а ваквата распределеност ја прави инфраструктурата ранлива на технички дефекти...

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

За владата киријата не е дел од реалните трошоци за живот на просечното четиричлено семејство, бидејќи над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови. Вакво образложение даде...

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е првиот функционер што се најде на т.н. „ѕид на срамот“ на Мрежата за заштита од дискриминација, откако граѓанските организации јавно го прозваа...

Next Post
ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.