Бирото за јавна безбедност ги проверува околностите под кои Ива Михаилова, која е осомничена во кривична постапка, се нашла во Бугарија, како и можноста други лица да ѝ помогнале да ја напушти земјата. Ова го изјави директорот на БЈБ, Александар Јанев, одговарајќи на новинарско прашање за случајот.
„Ние работиме на тоа да дознаеме кој, како и што овозможил за да дотичната личност да се најде онаму каде е“, рече Јанев.
Засега нема информации дали проверките откриле пропусти во постапувањето на надлежните служби или дали се идентификувани лица кои евентуално ѝ помогнале на Михаилова.
Нејзиното заминување во Бугарија отвори прашања за тоа како успеала да ја напушти државата, особено по претходната изјава на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски дека биле прегледани снимките од граничните камери, но на нив не било забележано Михаилова како излегува од Македонија.
Од БЈБ најавуваат дека работат на расветлување на случајот и утврдување на евентуалната одговорност за нејзиното заминување.
На Ива Михаилова ќе ѝ се суди во отсуство, судскиот процес продолжува и без неа









