AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Зајкова бара одговори од Обвинителството: Како тешка телесна повреда стана телесна повреда во случајот со претепаната девојка од Охрид?

Фото: Фејсбук

Зајкова бара одговори од Обвинителството: Како тешка телесна повреда стана телесна повреда во случајот со претепаната девојка од Охрид?

Претседателката на ЛДП бара да се објасни промената на правната квалификација, вештачењето на повредите, како и првичната одлука да се побараат само мерки на претпазливост за осомничениот

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Претседателката на Либерално-демократската партија и пратеничка, Моника Зајкова, бара јавно објаснување од Обвинителството за промената на правната квалификација во случајот со претепаната девојка од Охрид, откако првично МВР поднело кривична пријава за тешка телесна повреда, а обвинителството поднело обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Зајкова прашува врз основа на кои медицински наоди била направена промената, особено имајќи предвид дека, според информациите од МВР, девојката била физички нападната и изгубила свест.

„Ќе објасни ли некој како од тешка телесна повреда стигнавме до телесна повреда?!“, прашува Зајкова, барајќи Обвинителството јавно да соопшти по кој член и став е поднесено обвинението и кои конкретни наоди ја оправдуваат промената на квалификацијата.

Таа потсетува и на случајот со сериските убиства на жени во Старо Нагоричане, посочувајќи дека по ексхумации и дополнителни обдукции кај две жени било утврдено дека починале од насилна смрт. Според неа, претходното искуство е дополнителна причина за темелно и внимателно постапување во случаите на насилство врз жените.

Зајкова отвора и прашања за можните пропусти во истрагата, меѓу кои дали мобилните телефони биле одземени и дигитално-форензички вештачени, дали се проверени комуникациите на обвинетиот по нападот и дали се испитуваат наводите за можно прикривање докази или влијание врз сведоци.

Таа прашува и дали Обвинителството испитува евентуално постоење на кривичното дело „Помагање на сторител по извршено кривично дело“, нагласувајќи дека секој што евентуално помогнал во прикривање траги или избегнување одговорност треба да биде предмет на истрага.

Дополнително, пратеничката бара објаснување зошто Обвинителството првично побарало мерки на претпазливост, а дури потоа притвор за осомничениот. Таа прашува што се променило во процената на ризикот и кои нови околности довеле до барањето за притвор.

Зајкова бара надлежните обвинителски органи да го преиспитаат постапувањето во предметот, а доколку се утврдат професионални пропусти или незаконитости, да се покрене постапка за одговорност.

„Жртвата заслужува заштита, правда и достоинство. Не нова неизвесност и дополнително страдање“, порачува таа.

Корабоски обвинет за три кривични дела, доби 30 дена притвор за нападот врз Сара

Tags: девојкаМоника ЗајковаОБвинителствоОхридпретепана
SummarizeShare234

Related Stories

ФОТО: Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ се отвора во јануари, реконструкцијата чини 10 милиони евра

ФОТО: Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ се отвора во јануари, реконструкцијата чини 10 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Реконструкцијата на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје привршува, а објектот се очекува да биде отворен во јануари 2027 година, пред почетокот на вториот семестар од...

Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

Корабоски обвинет за три кривични дела, доби 30 дена притвор за нападот врз Сара

by ДЕСК коректив.мк
November 17, 2026
0

Кристијан Корабоски од Охрид, осомничен за насилството врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, доби 30-дневен притвор откако Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против него за три кривични дела. Тој се...

Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

Ја затворил, ја нападнал и ѝ се заканувал: Обвинение против Корабоски за три кривични дела

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Обвинителството поднесе обвинение против Кристијан Корабоски за три кривични дела поврзани со насилството врз Сара Ѓоргиеска од Охрид – телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на...

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
0

Од вкупно 3.216 живородени деца на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во периодот од јануари до октомври годинава, 610 биле предвреме родени, односно околу 19 проценти. Ова...

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.