AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Купуваме онлајн, но сè уште плаќаме на врата: Половина од граѓаните избираат готовина при достава

Фото: Pexels

Купуваме онлајн, но сè уште плаќаме на врата: Половина од граѓаните избираат готовина при достава

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 16, 2026
in Анализа
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Иако три четвртини од возрасните граѓани во Македонија имаат дебитна картичка, тоа не значи дека ја користат и за плаќање при онлајн купување. Напротив, половина од оние што купуваат преку интернет и понатаму плаќаат исклучиво во готовина кога ќе им биде доставен производот. Податоците откриваат дека дигитализацијата на купувањето не ја следи со исто темпо и дигитализацијата на плаќањето, а возраста, местото на живеење и приходите имаат значително влијание врз изборот на потрошувачите.

Ова го покажува новата анализа на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), изработена со поддршка на Visa и презентирана на деветтата Регионална конференција за е-трговија во Скопје. Истражувањето укажува на јазот меѓу пристапот до финансиски услуги и нивната реална употреба во секојдневниот живот.

Според податоците, 84,3 проценти од возрасното население има сметка во финансиска институција, а 75,2 проценти поседува дебитна картичка. Иако овие показатели се блиску до оние во Србија и до просекот на економиите со повисок среден доход, употребата на дигиталните услуги е значително помала.

Само 27,4 проценти од граѓаните користеле мобилен телефон или интернет за плаќање сметки, додека во споредбената група економии тој удел изнесува 61,8 проценти. Сличен јаз има и кај онлајн купувањето производи и услуги – дигиталните канали за оваа намена ги користат 28 проценти од возрасните во земјава, наспроти 60,4 проценти во економиите со повисок среден доход.

Половина од онлајн купувачите не плаќаат со картичка

Разликата меѓу онлајн купувањето и начинот на плаќање најдобро се гледа во податоците за навиките на потрошувачите. Анализата на микроподатоците од истражувањето Global Findex 2025 на Светската банка, собрани во 2024 година, опфаќа 263 испитаници кои купувале физички производи преку интернет.

Од нив, 50 проценти плаќаат исклучиво во готовина при достава, 37,2 проценти понекогаш плаќаат во готовина, а понекогаш онлајн, додека само 12,7 проценти целосно се потпираат на дигитални плаќања.

Тоа значи дека 87,3 проценти од онлајн купувачите користат готовина барем повремено. За споредба, во економиите со повисок среден доход 90,9 проценти од онлајн купувачите користат дигитално плаќање, додека во Србија уделот е 49,3 проценти.

Возраста е клучна: над 80 проценти од повозрасните плаќаат во готовина

Една од најизразените разлики се забележува меѓу возрасните групи. Кај онлајн купувачите на возраст од 15 до 34 години, 40,3 проценти плаќаат исклучиво во готовина. Кај лицата од 35 до 54 години уделот е 49,4 проценти, а кај оние на возраст од 55 години и повеќе достигнува 81,8 проценти.

Практично, повеќе од осум од десет повозрасни граѓани кои купуваат преку интернет избираат да платат во готовина при достава. Дополнителната статистичка обработка покажува дека возраста останува силно поврзана со изборот на готовинско плаќање и кога се земаат предвид други демографски и социоекономски фактори.

Разлики има и меѓу урбаните и руралните средини. Во руралните подрачја 60 проценти од онлајн купувачите плаќаат исклучиво во готовина, додека во градовите тој процент е 41,4.

Приходите исто така влијаат врз платежните навики. Кај граѓаните од двата најниски доходовни квинтили, 66,5 проценти плаќаат само во готовина, наспроти 43,2 проценти кај оние со повисоки приходи. За разлика од овие фактори, полот речиси и да нема влијание – готовинско плаќање избираат 50,5 проценти од жените и 49,6 проценти од мажите кои купуваат онлајн.

„Дигитализацијата на купувањето не значи автоматски и дигитализација на плаќањето“

Претседателката на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија, д-р Нина Ангеловска Станков, оценува дека податоците откриваат парадокс во домашната е-трговија – и покрај широката распространетост на банкарските сметки и платежните картички, значителен дел од потрошувачите сè уште не ги користат за онлајн плаќање.

„Денес веќе не е доволно да зборуваме само за тоа колку граѓани купуваат онлајн. Треба да погледнеме и како го завршуваат купувањето. Податоците покажуваат еден интересен парадокс – имаме висока распространетост на банкарски сметки и платежни картички, но половина од онлајн купувачите и понатаму плаќаат исклучиво во готовина при достава. Тоа значи дека дигитализацијата на купувањето не значи автоматски и дигитализација на плаќањето“, вели Ангеловска Станков.

Според неа, за поголема употреба на дигиталните плаќања потребно е да се работи на довербата, дигиталната писменост и на тоа безготовинското плаќање да биде едноставен и безбеден избор за сите генерации.

Не е решение укинувањето на готовината, туку поголема доверба во дигиталните плаќања

Наодите покажуваат дека самото поседување платежна картичка не е доволно за промена на навиките. За граѓаните почесто да избираат дигитално плаќање, потребни се подобро корисничко искуство, поголема информираност и доверба во безбедноста на трансакциите, но и дополнителни стимулации за користење безготовински методи.

Анализата не го поставува укинувањето на плаќањето при достава како решение. Овој начин на плаќање и натаму има значајна улога во домашната е-трговија. Предизвикот е да се создадат услови дигиталното плаќање да стане подостапна и попривлечна опција, особено за повозрасните потрошувачи и граѓаните од руралните средини.

 

Tags: доставакупувањеонлајнплаќање
SummarizeShare234

Related Stories

Расте интересот за Македонија, но странските туристи се задржуваат сè пократко

Расте интересот за Македонија, но странските туристи се задржуваат сè пократко

by ДЕСК коректив.мк
November 12, 2026
0

Вкупно 136.305 туристи ја посетиле Македонија во септември годинава и оствариле 264.370 ноќевања. Иако бројот на посетители е зголемен во споредба со истиот месец лани, податоците покажуваат дека...

Над 350 илјади евра за промоција на Владата: Нов договор со фирма со бугарска сопственичка поврзаност

Правосудниот испит ја разниша владината коалиција: ЗНАМ се заканува со излез, Вреди порачува дека одлуката ќе се донесе без нив

by ДЕСК коректив.мк
November 9, 2026
0

Прашањето на кој јазик ќе се полага правосудниот испит стана нова точка на судир во владината коалиција, откако лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, јавно постави услов дека партијата...

Некогаш набљудувачи, сега учесници: Како протестите го променија односот на младите кон политиката

Некогаш набљудувачи, сега учесници: Како протестите го променија односот на младите кон политиката

by ДЕСК коректив.мк
November 7, 2026
0

Генерациите на кои често им се припишува наводна незаинтересираност за политиката, последните две години ги поминуваа на улиците, во блокади и на протести. Меѓу нив има студенти и...

Само девет од 62 локомотиви на Железници се функционални, акумулираната загуба надмина 109 милиони евра

Само девет од 62 локомотиви на Железници се функционални, акумулираната загуба надмина 109 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Железничкиот товарен сообраќај се соочува со сериозни проблеми поради застарен и неисправен возен парк, недоволни инвестиции и слабости во управувањето, покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија...

Next Post
Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

Секое петто бебе родено на Клиниката за гинекологија годинава било предвреме родено

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.