AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Само девет од 62 локомотиви на Железници се функционални, акумулираната загуба надмина 109 милиони евра

Само девет од 62 локомотиви на Железници се функционални, акумулираната загуба надмина 109 милиони евра

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
in Анализа
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Железничкиот товарен сообраќај се соочува со сериозни проблеми поради застарен и неисправен возен парк, недоволни инвестиции и слабости во управувањето, покажува ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија за работењето на „ЖРСМ Транспорт“ во 2024 година. Од вкупно 62 локомотиви со кои располага друштвото, само девет се во функција, а акумулираната загуба достигнала 6,75 милијарди денари, односно околу 109 милиони евра.

Ревизорите утврдиле дека состојбата е слична и кај патничкиот возен парк. Од 16 патнички гарнитури, функционални се само пет, додека од 47 патнички вагони, само два се користат во редовниот сообраќај за превоз на патници.

Дополнителен проблем е застареноста на товарните вагони. Од вкупно 1.382 товарни вагони, само 378 имаат важечка ревизија и се способни за сообраќај, додека останатите 1.004 се надвор од употреба поради истечена ревизија.

Според стручните лица во друштвото, возниот парк е постар од 40 години, а причините за лошата состојба се недоволните финансиски средства за средни и големи поправки, нередовните инвестиции во резервни делови и изостанувањето на навремена обнова на капацитетите. Ова ја отежнува организацијата на железничкиот сообраќај, ја зголемува потрошувачката на енергенси и предизвикува повеќе празни возења.

Финансиската состојба на друштвото исто така е алармантна. Загубата во 2024 година изнесува 331,8 милиони денари, што е намалување во однос на 2023 година за 427,5 милиони денари. Но, кога ќе се додадат загубите од претходните години, вкупниот негативен финансиски резултат достигнува 6,75 милијарди денари, односно околу 109,1 милион евра.

Ревизијата открила и неправилности во управувањето со имотот. Иако работилниците за одржување на железничките возила се изградени и со години се користат, нивната вредност од 118 милиони денари не е евидентирана како недвижен имот во деловните книги. Поради тоа, не била пресметана ниту амортизацијата, која за претходните години и за 2024 година изнесува вкупно 14,3 милиони денари.

Проблеми се утврдени и кај залихите. Дури 71 отсто од нив, во вредност од 342,3 милиони денари или околу 5,5 милиони евра, се постари од 2019 година, а друштвото не направило нивно вредносно усогласување на крајот на пресметковниот период.

Особено сериозни забелешки ревизорите имаат за управувањето со нафтените деривати. Приемот и издавањето на горивото се вршеле на несоодветен, недомаќински и небезбеден начин. Опремата за мерење е застарена и импровизирана, а мерилата на пумпите за полнење гориво подолг период не биле верификувани и баждарени. Според ревизорите, ваквата состојба овозможува манипулации и може да ја загрози безбедноста и здравјето на граѓаните, како и животната средина.

Во извештајот се посочува и дека друштвото не ги подмирувало навремено доспеаните обврски, туку поднесувало приговори на решенијата за платни налози, со што се продолжувале судските постапки и се зголемувале трошоците за камати и судски постапки. И покрај правосилно завршените судски предмети и очекуваниот одлив на средства од речиси 261 милион денари, не биле резервирани средства за овие обврски.

Ревизорите утврдиле и прекумерна потрошувачка на вода. Фактурите за 2024 година изнесувале 5,47 милиони денари, а друштвото немало воспоставено соодветен систем за следење и контрола на потрошувачката.

Дополнително, биле констатирани помалку евидентирани приходи од користење на локомотиви, вршење услуги без јасно утврдени и важечки договори, како и отсуство на редовно ажурирана ценовна политика. Слабости биле забележани и во управувањето со човечките ресурси, организацијата на работата и пресметката и исплатата на платите и надоместоците.

Државниот завод за ревизија дал препораки за надминување на утврдените неправилности. Од „ЖРСМ Транспорт“ на 2 ноември годинава доставиле информација до ревизорите за преземените активности по дадените препораки.

Ревизорите предупредуваат дека континуираните загуби негативно влијаат врз тековното и идното работење на друштвото, неговиот развој и го доведуваат во прашање ефикасното, безбедното и навременото одвивање на железничкиот сообраќај.

Tags: железницилокомотивиревизијатранспорт
SummarizeShare234

Related Stories

Индустријата произведува повеќе, но со помалку работници: Производството пораснало за 2,4, вработеноста паднала за 2,9 проценти

Индустријата произведува повеќе, но со помалку работници: Производството пораснало за 2,4, вработеноста паднала за 2,9 проценти

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Индустриското производство во септември бележи раст на годишно ниво, но бројот на работници продолжува да се намалува. Податоците на Државниот завод за статистика откриваат контраст меѓу зголеменото производство...

„Форбс“: Колку пари имаа граѓаните и фирмите во Алта банка

„Форбс“: Колку пари имаа граѓаните и фирмите во Алта банка

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Граѓаните, стопанството и другите клиенти на Алта банка, на последниот ден од јуни годинава, во банката имале депозити во износ од 172 милијарди динари, односно 1,47 милијарди евра....

Македонската Влада поместува планини, но Бугарија не остапува од барањата – евроинтеграциите остануваат во ќор-сокак

Македонската Влада поместува планини, но Бугарија не остапува од барањата – евроинтеграциите остануваат во ќор-сокак

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Македонскиот и бугарскиот политички врв и натаму испраќаат спротивставени пораки за деблокирање на европскиот пат на земјава. Премиерот Христијан Мицкоски порачува дека Владата нема да прифаќа нови отстапки...

Две пресметки за трошоците на едно семејство: Владината кошница 58 илјади, синдикалната над 70 илјади денари

Расте прометот со храна и горива, пад на купувањето непрехранбени производи – граѓаните ги менуваат потрошувачките навики

by ДЕСК коректив.мк
October 30, 2026
0

Прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун во септември годинава бележи реален раст од 19,4 проценти во споредба со истиот месец лани, додека кај непрехранбените...

Next Post
Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал

Хаџи Василева: Нема да има простор за притисоци, обвинителите мора да се водат од доказите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.