AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
За двојно намален бројот на стари предмети во Кривичниот суд

Кривичен суд - илустрација / ФОТО: Pexels.com by SHOX ART

Старите случаи нема да се гонат според новиот Кривичен законик

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Испраќањето на новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка до Европската комисија на мислење нема да значи дека ќе има повторно гонење за сомневањата за криминал од времето на претходната влада. Премиерот Христијан Мицкоски појасни дека за евентуалните кривични дела сторени во тој период ќе продолжи да важи законот што е поповолен за обвинетите, односно измените на Кривичниот законик донесени во 2023 година.

Мицкоски тврди дека тогашните измени, кои беа усвоени по скратена постапка со европско знаменце, имале цел да ги амнестираат поранешните функционери од одговорност за дела за кои постоеле сомневања за криминал.

– Тоа не значи дека оние основани сомневања што постојат за сторен криминал од претходната влада ќе бидат гонети, бидејќи тие секогаш имаат можност да се повикаат на за нив поблагиот закон, во случајот е оној закон кој си го скроија за да се амнестираат. Овие измени се за отсега па натаму – изјави Мицкоски.

Тој ги критикуваше поранешните влади на СДСМ и ДУИ, обвинувајќи ги дека со злоупотреба на европското знаменце ги протуркале измените во 2023 година за да ги намалат казните за одредени кривични дела. Според неговото толкување, освен заштитата на поранешни функционери, целта била да се обезбеди и политичка поддршка од делови на тогашната опозиција за уставните измени.

– Секогаш кога ќе слушнете од ДУИ и СДСМ да ви зборуваат за борба против криминал и владеење на право, тогаш треба да се сетите дека токму тие се тие кои го нанесоа фаталниот удар во борбата против криминалот и корупцијата – рече Мицкоски.

Сепак, принципот на примена на поблагиот закон не се однесува само на поранешните функционери. Тоа значи дека доколку новиот Кривичен законик биде усвоен, за кривични дела сторени пред неговото стапување во сила ќе се применува законот што е поповолен за сторителот, без оглед на тоа во чиј владин мандат биле сторени. Оттука, измените од 2023 година би можеле да бидат релевантни и за евентуални кривични дела сторени во изминатите две години од актуелната власт.

Мицкоски оцени дека со испраќањето на новите законски решенија во Брисел актуелната Влада покажува поинаков пристап кон борбата против криминалот и корупцијата, но нагласи дека новите правила ќе важат за кривичните дела во иднина.

Владата очекува мислење од Европската комисија, по што треба да започне собраниската постапка за нивно усвојување.

Новите законски решенија се подготвуваат по повеќегодишен процес

Министерството за правда ги достави двата нацрт-закона до Европската комисија за мислење, а истовремено ги објави и на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), каде што граѓаните, стручната јавност и организациите можат да достават забелешки и предлози.

Новиот Кривичен законик се подготвува од 2019 година, а работната група предводена од академик Владо Камбовски во периодот од 2020 до 2026 година работела на неговото усогласување со европските стандарди. Во текстот се вградени 33 директиви на Европската Унија, а биле разгледани повеќе од 50 мислења и предлози.

Паралелно е изработен и нов Закон за кривичната постапка, под раководство на професорката Гордана Лажетиќ и работна група од 25 членови. Текстот, кој бил финализиран во октомври годинава, опфаќа усогласување со 25 европски директиви и стандарди.

Меѓу предложените новини се поефикасна конфискација на имот, унапредување на финансиските истраги, користење електронски докази и посебни истражни мерки, како и подобра заштита на жртвите. Предвидена е и можност за одржување судски рочишта и изведување докази на далечина.

Од Министерството за правда посочуваат дека реформата треба да овозможи поефикасно гонење на криминалот и корупцијата и поправични судски постапки, но нејзините резултати ќе зависат од примената на законите во пракса.

По речиси три децении се подготвува нов Кривичен законик, испратен е во Брисел на мислење

Tags: Кривичен законикслучаистари
SummarizeShare234

Related Stories

Работните спорови ја чинеа државата 64 милиони евра, речиси половина отишле за камати и трошоци

Предлог-буџет за 2027 година: Власта најавува развојни проекти, опозицијата обвинува за задолжување и изоставена повисока минимална плата

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Предлог-буџетот за 2027 година предвидува приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП. Владата најавува економски раст...

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, Владата се надева дека нема да има поскапување

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, Владата се надева дека нема да има поскапување

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

И покрај влошената енергетска состојба во Европа и растот на цените на енергентите, Владата ќе се обиде да спречи нови поскапувања на електричната енергија во земјава. Премиерот Христијан...

Мицкоски: Владата е стабилна, коалициска лидерска средба ќе има во декември

Мицкоски: Владата е стабилна, коалициска лидерска средба ќе има во декември

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека владината коалиција е стабилна и покрај најавите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека партијата би можела да ја напушти Владата доколку не...

Нов закон за семејно насилство: Електронски алки и поголеми овластувања за полицијата

Нов закон за семејно насилство: Електронски алки и поголеми овластувања за полицијата

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Нов закон за спречување и заштита од семејно насилство, кој предвидува и можност за користење електронски алки за сторителите, е поднесен во Собранието, информираше министерот за внатрешни работи...

Next Post
Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

БИРН: Компанијата на братот на Мацура купила вила на Дедиње со кредит од три милиони евра од Алта банка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.