AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Мицкоски непријатно изненаден од коментарите на Ходаи, откако тој побара и студентите да јадат бифтек од 160 денари

Фото: Фејсбук

Мицкоски непријатно изненаден од коментарите на Ходаи, откако тој побара и студентите да јадат бифтек од 160 денари

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 9, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на критиките од Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени, кој ја отвори темата за разликата меѓу повластените цени на храната во собранискиот ресторан и средствата што им се достапни на студентите за оброк.

Мицкоски рече дека е непријатно изненаден од начинот на кој Ходаи зборувал за него и за министерката за образование и наука, нагласувајќи дека двајцата се универзитетски професори кои придонеле во образованието на повеќе генерации студенти.

„Како редовен универзитетски професор, педагог и родител можам да кажам дека бев непријатно изненаден и шокиран како се навредуваат редовни професори, како што сме јас и министерката за образование, кои сме помогнале генерации на студенти да се стекнат со знаење кое што понатаму би им требало во животот за нив и нивните семејства. Тоа во најмала рака е непристојно“, изјави Мицкоски.

Повод за реакцијата беше изјавата на Ходаи за висината на студентскиот оброк, која не е усогласена со годишната стапка на инфлација. Тој посочи дека студентите треба да имаат можност да се хранат во рестораните на Собранието и Владата, каде што функционерите користат повластени цени.

„Нека јадат студентите со 160 денари бифтек, како што јадат пратениците, па потоа нека зборуваат што може да се купи со 140 денари“, рече Ходаи.

Во меѓувреме, Ходаи повторно ја актуелизираше темата со објава на социјалните мрежи, споделувајќи го менито од собранискиот ресторан. Тој ја отвори дилемата зошто евтината исхрана е прифатлива привилегија за избраните функционери, додека финансиската поддршка за студентите постојано е предмет на расправа.

„Прашањето е едноставно: зошто повластената исхрана е оправдана за функционерите, а субвенционираниот оброк за студентите е предмет на расправа?“, напиша Ходаи.

Мицкоски, пак, изрази жалење што Ходаи не присуствувал на средбата со претставниците на студентските движења, на која се разговарало за студентскиот оброк. Премиерот рече дека на состанокот ја претставил можноста студентите месечната сума за оброк да ја користат и во одредени трговски ланци, со дополнителни попусти и поволности.

Тој порача дека студентите ги смета за свои поддржувачи и пријатели и дека по завршувањето на политичкиот ангажман повторно ќе се врати на Универзитетот како професор.

Мицкоски наброја и други проекти на Владата наменети за студентите, меѓу кои подобрување на условите во студентските домови, обезбедување електронски уреди за студентите и изградба на нови универзитетски кампуси.

Инаку, Форумот за образовни промени минатата недела поднесе тужба против Министерството за образование и наука поради непочитување на Законот за субвенциониран студентски оброк.

Форумот за образовни промени го тужи МОН за студентскиот оброк, бара 300.000 евра за студентите

Tags: бленди ходаистудентски оброкхристијан мицскоски
SummarizeShare234

Related Stories

Форумот за образовни промени го тужи МОН за студентскиот оброк, бара 300.000 евра за студентите

Студентите бараат оброк по закон: Ходаи вели дека државата им должи околу три милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Бленди Ходаи од Форумот за образовни промени во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ изјави дека, поради неусогласениот студентски оброк, државата на околу 30.000 студенти им должи приближно три...

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

Државните податоци расцепкани на над 40 локации, Андоновски бара национален дата-центар

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Повеќе од 40 локации во Скопје во моментов се користат за чување податоци и сервери на државните институции, а ваквата распределеност ја прави инфраструктурата ранлива на технички дефекти...

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

Владината кошничка не ги пресметува кириите, Дурмиши вели дека над 90 отсто од граѓаните имаат сопствен дом

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

За владата киријата не е дел од реалните трошоци за живот на просечното четиричлено семејство, бидејќи над 90 проценти од граѓаните живеат во сопствени домови. Вакво образложение даде...

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

Организациите го ставија Гаши на „ѕидот на срамот“: Три месеци нема расправа за законот за заштита на жените

by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
0

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, е првиот функционер што се најде на т.н. „ѕид на срамот“ на Мрежата за заштита од дискриминација, откако граѓанските организации јавно го прозваа...

Next Post
ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

ЕУ ја потврди европската перспектива на Западен Балкан, но бара реформи и решавање на билатералните спорови

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.