AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Собранието ја продолжи кризната состојба за нафтата до април 2027 година

Поднесени 2.158 амандмани за Законот за јавни набавки, најмногу од СДСМ, власта бара бришење на спорниот член 13

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 9, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

За измените на Законот за јавни набавки поднесени се вкупно 2.158 амандмани, најмногу од опозициската СДСМ, додека владејачкото мнозинство има поднесено еден амандман, со кој се бара бришење на спорниот член 13 од измените.

Законот е ставен на дневен ред на пленарната седница закажана за утре.

Членот 13 беше спорен за претседателката Гордана Сиљановска-Давкова поради формулацијата со која, според неа, се отвора можност за неограничено повторување на мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки.

Сиљановска-Давкова не ги потпиша измените на Законот за јавни набавки, спорни ѝ се мандатите на Комисијата

Претседателката минатата недела не го потпиша указот за прогласување на измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, кои Собранието ги усвои на седницата одржана на 26 октомври. Во образложението на одлуката таа посочи дека новото законско решение може да доведе до концентрација на моќ и влијание врз одлучувањето за трошењето на јавните пари.

Според досегашната законска формулација, претседателот и членовите на Комисијата се именуваат за пет години, со право на уште еден избор. Со усвоените измени, пак, се предвидува мандат од пет години со право на повторно именување.

Според Сиљановска-Давкова, разликата во формулацијата не е само техничка, туку создава правна нејаснотија и остава простор за неограничено повторување на мандатите.

Таа предупреди дека ваквото решение може да овозможи концентрација на моќ во мал број лица, особено имајќи предвид дека Комисијата одлучува по жалби во постапките за јавни набавки, во кои се трошат значителни јавни средства.

Во образложението претседателката потсети и на претходното работење на ова тело, кое, како што наведе, било проследено со бројни проблеми, сомнежи и обвинувања за непрописно, неодговорно и незаконско постапување.

„Сметам дека новото законско решение, во за мене спорната одредба од членот 13 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, отвора сериозни дилеми за владеење на правото“, наведе претседателката.

Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

Таа побара од Собранието при повторното разгледување на законските измени да ги земе предвид нејзините забелешки и да ги преиспита причините поради кои не го потпиша указот.

Инаку, измените на Законот за јавните набавки предвидуваат воведување дигитални алатки и решенија базирани на вештачка интелигенција за следење на постапките и откривање можни злоупотреби. Меѓу новините е и задолжителната примена на критериумот „најдобар сооднос помеѓу цена и квалитет“, како и поголема автоматска размена на податоци меѓу институциите.

Tags: амандманивмро дпмнезакон за јавни набавкисдсмСобрание
SummarizeShare234

Related Stories

Кривична пријава против 11 лица и приватна болница за двојна наплата на операции на очи, оштетени 4.000 пациенти

Нови правила за боледување од 1 декември: поголема улога на матичните лекари

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Од 1 декември во Македонија почнува да се применува новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа, објавен во Службен весник од Фондот за здравствено осигурување. Измените воведуваат...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

СДСМ бара итна седница на Собранието поради насилствата врз жените

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница за постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените...

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор, Идризово и Прилеп ќе ги згрижуваат во првата фаза

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Добитокот кој со месеци предизвикува проблеми во Крива Паланка наскоро ќе добие ново сместување, и тоа во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со акцискиот...

Најранливите негодуваат за сѐ почестото доцнење на исплатата на социјална помош

Брзите кредити ќе се исплаќаат само преку трансакциски сметки, се укинува плаќањето во готовина

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Граѓаните повеќе нема да можат да подигнуваат или да враќаат пари во готовина во финансиските друштва. Со новиот Закон за финансиски друштва се предвидува сите уплати и исплати...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.