AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Протестот за Билјана Кириќ прерасна во повик за институционална одговорност: „Жените пријавуваат, но кој ги штити?“

Протестот за Билјана Кириќ прерасна во повик за институционална одговорност: „Жените пријавуваат, но кој ги штити?“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 9, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Смртта на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци повторно го отвори прашањето за одговорноста на институциите во справувањето со семејното и родово базираното насилство. На протестниот марш во Скопје, организиран под мотото „Ниту една повеќе!“, беа упатени остри критики кон полицијата, образовните институции и надлежните органи, со барање да се утврди како е можно девојката да остане без соодветна заштита и покрај претходните предупредувања за насилство.

Особено потресно сведочење даде жителка на Богданци, која обвини дека повеќе возрасни лица од опкружувањето на Билјана знаеле низ што поминува, но не презеле ништо за да ѝ помогнат. Таа посочи дека и наставниците биле запознаени со ситуацијата, а како еден од алармантните моменти го наведе фактот дека девојката со недели не одела на училиште, без никој да реагира или да ја испита причината за нејзиното отсуство.

„Мене ми е срам да кажам дека сум дел од оваа држава, а уште повеќе ми е срам да кажам дека сум жителка на Богданци, затоа што Билјана не е прва жртва на насилство во тоа место. Моментално има голем број возрасни луѓе кои се заслужни за нејзиното убиство, не само момчето кое ја уби“, рече таа.

Според нејзиното сведочење, одговорност имаат и оние кои имале можност да го препознаат насилството и да го пријават, но не го направиле тоа.

„Нејзините наставници и професори во училиштето знаеле за оваа ситуација и не пријавиле. Девојчето со недели не одело на училиште и никој не го истражил тоа“, изјави жителката на Богданци.

Таа упати критики и кон полицијата, тврдејќи дека насилството било пријавувано повеќепати, но дека осомничениот по приведувањата повторно бил пуштан на слобода. Како пример посочи ситуација во која нејзиниот брат и неговите другари ја штителе Билјана од момчето додека да пристигне полицијата.

„Насилството било пријавувано во полиција неколкупати, еднаш и еден месец пред девојчето да биде убиено. Мојот брат и неговите другари ја бранеле од него додека да дојде полицијата, за потоа веднаш да го пуштат“, рече таа.

Во своето обраќање таа порача дека одговорноста не смее да се сведе само на непосредниот сторител, туку мора да се испита и постапувањето на сите кои имале сознанија за насилството.

„Не може малолетни лица да ја вршат работата на возрасни луѓе. Сите возрасни треба да бидат заштитници на малолетниците, особено ако се авторитет. И сега сите треба да одговараат затоа што сите се соучесници во убиството на девојчето“, порача таа.

Маршот започна во паркот „Жена-борец“, продолжи покрај Собранието и Министерството за правда, а заврши пред Министерството за образование и наука. Организатор беше неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“, а учесниците носеа транспаренти со пораки против фемицидот, насилството и институционалната незаинтересираност.

„Не ја родив и чував за некој да ја претепа и запали жива“ и „А насилниците под чиј надзор се?“ беа дел од пораките со кои демонстрантите го изразија револтот.

Една од учесничките на маршот, активистката Елена Петрова, предупреди дека секоја година се повторуваат истите ветувања за нулта толеранција кон насилството, додека бројот на жени кои ги губат животите продолжува да расте.

Таа посочи дека за неколку недели ќе започне 16-дневната кампања за борба против родово базираното насилство, во рамките на која функционерите повторно ќе носат портокалови ленти и ќе испраќаат пораки за заштита на жените, но дека таквите активности немаат доволна тежина без конкретни институционални постапки.

„Билјана пријавила, Росица пријавувала. Што уште треба да направат жените? Да чекаат насилникот да им даде писмена потврда дека ќе ги убие? До кога ќе ја префрламе одговорноста врз жените да се заштитат?“, праша Петрова.

Од протестот беа испратени четири конкретни барања до институциите: утврдување имиња и одговорност за сите институционални пропусти, итно усвојување законски измени за заштита од насилство, враќање на родовата еднаквост во законите и образовните програми, како и разрешување на функционерите кои го оправдуваат или нормализираат насилството врз жените.

Во фокусот беше и барањето за воведување поефикасни механизми за следење на насилниците. Претходно беше покрената петиција за воведување електронски нараквици за сторителите на семејно насилство, со кои жртвите би добивале предупредување, а надлежните институции би биле автоматски алармирани доколку насилникот се приближи на законски забрането растојание.

Аларм пред насилникот да стигне до жртвата: ЛДП ќе собира потписи за електронски нараквици

Предлогот за вакво решение беше поднесуван во Собранието од партијата на Моника Зајкова, ЛДП, но не доби потребна поддршка. При последното гласање во март, од 97 регистрирани пратеници, само 27 гласаа „за“.

Организаторите потсетија дека повод за маршот не е само трагедијата во Богданци, туку и поширокиот проблем со фемицидите во земјата. Според податоците презентирани на протестот, во Македонија годинава се регистрирани седум вакви случаи.

Пораката на демонстрантите беше дека борбата против насилството не може да се сведе на кампањи, конференции и јавни декларации, туку мора да резултира со конкретна заштита на жртвите и санкции за институциите кои не постапуваат навреме.

„Ова не се нови барања, истите барања ги повторуваме со години. Истите предупредувања, истите докази, истите институции, а списокот на убиени жени расте“, порачаа учесничките на маршот.

Tags: билјана кириќбогданциинституционална заштитаЛДПМоника Зајкованараквицапротестродово базирано насилствосемејно насилство
SummarizeShare234

Related Stories

Работните спорови ја чинеа државата 64 милиони евра, речиси половина отишле за камати и трошоци

Предлог-буџет за 2027 година: Власта најавува развојни проекти, опозицијата обвинува за задолжување и изоставена повисока минимална плата

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Предлог-буџетот за 2027 година предвидува приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП. Владата најавува економски раст...

За двојно намален бројот на стари предмети во Кривичниот суд

Старите случаи нема да се гонат според новиот Кривичен законик

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Испраќањето на новиот Кривичен законик и Законот за кривична постапка до Европската комисија на мислење нема да значи дека ќе има повторно гонење за сомневањата за криминал од...

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, Владата се надева дека нема да има поскапување

ЕСМ ќе понуди иста цена на струјата како лани, Владата се надева дека нема да има поскапување

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

И покрај влошената енергетска состојба во Европа и растот на цените на енергентите, Владата ќе се обиде да спречи нови поскапувања на електричната енергија во земјава. Премиерот Христијан...

Мицкоски: Владата е стабилна, коалициска лидерска средба ќе има во декември

Мицкоски: Владата е стабилна, коалициска лидерска средба ќе има во декември

by ДЕСК коректив.мк
November 13, 2026
0

Премиерот Христијан Мицкоски уверува дека владината коалиција е стабилна и покрај најавите на лидерот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, дека партијата би можела да ја напушти Владата доколку не...

Next Post
Левица бара истрага за наводен договор меѓу Мицкоски и Костадиновски околу милионски предмет во Уставниот суд

Левица бара истрага за наводен договор меѓу Мицкоски и Костадиновски околу милионски предмет во Уставниот суд

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.