AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, порачува Народната банка, посочувајќи дека одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Белград не значи автоматско одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Битола.

Од Народната банка нагласуваат дека домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во земјава, а нејзиното работење е предмет на непосреден супервизорски надзор од македонскиот регулатор.

„Народната банка внимателно ги следи сите околности и ризици поврзани со работењето на домашната банка и постапува независно, професионално и во согласност со законските надлежности“, се наведува во соопштението.

Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Истовремено, од централната банка апелираат јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, нагласуваат оттаму, остануваат во фокусот на институцијата.

Реакцијата следува откако Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа на АЛТА банка АД Белград. Како причини за одлуката се наведуваат значителното влошување на финансиската состојба и ризикот за ликвидноста, односно способноста на банката навремено да ги исполнува обврските кон клиентите. На одземањето на дозволата му претходеле контролни активности насочени кон зголемување на ликвидноста на банката.

Белградската Алта банка минатата година ја презеде Стопанска банка Битола. По добиените согласности од Народната банка, измената на Статутот и уписот во Централниот регистар, на 12 декември 2025 година банката официјално го променила името во АЛТА банка АД Битола. Токму сопственичката поврзаност со банката во Србија го отвори прашањето за можните последици врз нејзиното работење во земјава.

Од АЛТА банка АД Битола, пак, соопштија дека банката е ликвидна и продолжува со стабилно и непречено работење, како и дека настаните поврзани со банката во Србија не значат автоматска промена на нејзината финансиска состојба и правен статус.

Редици пред Алта банка во Нови Сад – граѓаните масовно вадат пари

 

Tags: Алта банкаНародна банкаодземена дозвола
SummarizeShare234

Related Stories

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

ДУИ го победи ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница: Аркин Јахији е новиот градоначалник

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Аркин Јахији, кандидатот на Националната алијанса за интеграција предводена од ДУИ, победи во вториот круг од предвремените избори за градоначалник на Брвеница. По обработката на сите 24 избирачки...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка од утре привремено ги затвора експозитурите за клиенти

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Експозитурите на Алта банка АД Битола од понеделник, 2 ноември, привремено нема да работат со клиенти, до дополнително известување. Банката ја објави одлуката по воведувањето заштитни мерки од...

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнат до 10.000 денари неделно

Народната банка воведе администрација во Алта банка, граѓаните ќе можат да подигнат до 10.000 денари неделно

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Народната банка денеска воведе привремена администрација во Алта банка АД Битола и ги ограничи одливите на пари, откако за еден ден од банката биле повлечени околу два милиони...

Радичевски и Јахји во втор круг од изборите за градоначалник на Брвеница

Брвеница избира градоначалник: Поголема излезност од првиот круг

by ДЕСК коректив.мк
November 1, 2026
0

Во вториот круг од предвремените локални избори за градоначалник на општина Брвеница до 15:30 часот гласале 6.579 граѓани, односно 40,49 отсто од избирачите, што е за речиси десет...

Next Post
Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.